Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Јазикот на неразбраноста

0
By Zoran Ivanov on March 17, 2026 ИЗБОР
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, March 17, 2026 15:46

И истовремено вистинска мистерија, како од “Европа и ЕУ ќе ја донесеме дома” стигнавме до “забрана за албанскиот јазик” и “супремација на нашинците” над личните и колективните интереси на граѓаните поради кои постои и уставот кој се суспендира и државата која “се брани”.

Никица Корубин

Упорноста во негирањето и игнорирањето на уставот во однос на употребата на албанскиот јазик, како официјален јазик на ниво на цела држава, останува доследен инструмент во градењето и одржувањето на “патриотскиот наратив”. Речиси на ниво на своевидна “иницијациска мантра” во која за да се пристапи во “друштвото на подобни патриоти” – темата за употребата на албанскиот јазик мора да биде во согласност со наметнатата црвена линија – македонскиот јазик е “главниот” службен јазик, а албанскиот јазик е “споредниот”. По потреба и со дозвола, ако некому притреба превод. Како јасна аналогија на тоа кој треба да биде етнички “главниот и супериорниот”.

Ова уникатно и флексибилно “толкување и примена на уставот”, а всушност класично прекршување се одвива паралелно со уште едно уникатно и флексибилно игнорирање на уставот, а тоа е “грижата за нашинците” во соседните земји, јасно регулирано во членот 49 од уставот, кој е еден од темелните одредници и на Времената спогодба и на Преспанскиот договор, каде експлицитно стои дека “републиката нема да се меша во суверените права на други држави и во нивните внатрешни работи”.

И токму овие два процеса, синхронизирано и унисоно, “го пополнуваат” празниот простор од веќе четири години, на неисполнување на превзмените обврски од преговарачката рамка за промена на уставот и ефективно отпочнување на преговорите со ЕУ, со одржување на статус-кво ситуација во екстремно неизвесни регионални и гео-политички услови. Дефиниција за патриотизам. И истовремено вистинска мистерија, како од “Европа и ЕУ ќе ја донесеме дома” стигнавме до “забрана за албанскиот јазик” и “супремација на нашинците” над личните и колективните интереси на граѓаните поради кои постои и уставот кој се суспендира и државата која “се брани”.

Но, дали всушност оваа ригидна инструментализација на албанскиот јазик, а преку него всушност на сите Албанци чија слободна и севкупна употреба го штити уставот, само ја надополнува инструментализацијата на македонскиот јазик “и борбата за негова заштита”, а преку него и на сите Македонци, преку блокада на ЕУ интеграцијата; за монополизирање на “етничкото” и негово голо “формализирање”? И дали тоа всушност се претставува како “правда и праведност”, владеење на правото и функционалност на институциите? Со “модел” институции за “владеење на правото” (уставен суд) и “модел” делување “за борба за правдата” (нашинците)?

Тоа што и едното и другото, е во контрадикција и судир со уставот, како суштинска основа на институционалност; е контрадикцијата на апсурдот, веројатно и како (не)свесен анимозитет кон суштината на мултиетничноста и мултикултурноста на општеството и државата, свесно и природно ориентирано кон ЕУ и Европа, како демократски и цивилизациски постулати; но и како (не)свесен обид преку дезавуирање на уставот да ја монополизира (и дисциплинира) токму таа суштина. Да го “монополизира и дисциплинира” општеството, етничкото, а со тоа сегашноста и иднината.

Неодамна државниот архив, го објави оригиналниот документ на “Декларацијата за меѓународното признавање на Република Македонија како суверена и независна држава” од 17 декември 1991 година во која, меѓу другото “… ги прифаќа критериумите и ги исполнува условите донесени од страна на Советот на министрите на Европската заедница ….”; со која де-факто и суштински, од самиот почеток државата се определува кон идно членство и припадност кон ЕУ и Европа. Па, кој тоа јазик на “неразбраност (неразумност)” упорно се шири како наратив и делување, спротивен и на вољата и на суштината и на интересите на граѓаните?

Државата почива на институциите, законите почиваат на уставот, а граѓаните на својата етничка и култоролошка припадност, на правата и потребите. Сите почиваме на обврските да бидеме во ко-релација и почитување, а не изложени на супремација и негирање. Сите сме обврзани на знаење, а не на злоупотреба на истото. И сите сме упатени и на земјата и на државата, на општеството кое треба да го нормализираме. И тоа не треба да биде ниту неразбрано, ниту неразбирливо. Идентификацијата и припадноста е процес што се негува, а не налог што се наметнува. Затоа што треба да биде суштинска, а не формална.

Од Фејсбук ѕидот на авторот

колумна Никица Корубин ФБ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026

Рачна бомба експлодира пред зграда во главниот српски град – оштетени автомобили и локали

August 6, 2026
shortcut
ФОКУС
August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

ВЕСТИ August 15, 2026

Франција, Германија и Велика Британија работат на сопствен формат за преговори во врска со украинската…

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026

Гостиварчани конечно се напија и од своите домашни чешми

August 14, 2026

Денеска ќе се знае дали гостиварчани конечно ќе пропијат вода од чешма

August 14, 2026
ТИКЕР

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026

Рачна бомба експлодира пред зграда во главниот српски град – оштетени автомобили и локали

August 6, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.