Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

  Јејтс во Македонија

0
By Zoran Ivanov on May 7, 2026 ИЗБОР
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, May 7, 2026 16:32

„Кажи му на син ти да си го замисли Јејтс, само наместо низ ѕвездени патишта да шета низ административни лавиринти. Наместо мистични ветрови, да има промаја од ходник во институција. Наместо величествено осамено мноштво, да гледа група луѓе што нервозно чекаат документ со печат за боледување“

Бенита Белешкова

До идејата за оваа мала колумна, која води до една мала книжевна катастрофа со потенцијал да стане национална, дојдов речиси невино. Ми се јави пријателка која одамна се има иселено во Америка , мислам толку одамна што нејзините деца веќе имаат американски акцент, американски манири и американска способност да веруваат дека институциите навистина функционираат. Што, за нас од Балканот, звучи како жанр на научна фантастика.

Едниот син, веќе студент по англиска книжевност, добил необична задача на предавање по креативно пишување да секој студент си замисли како неговиот избран поет би пишувал доколку живее во земјата од која потекнуваат неговите предци.

И сега, некој добил Италија, некој Ирска, некој Франција — земји со магли, лозја, филозофски кафулиња и луѓе што патат естетски.

А момчето, по некоја генетска и балканска неправда, требало да замисли како би пишувал Јејтс ако е во Македонија.

Мајка му ми се јави речиси панично, како да бара итна правна помош:„Ти си таму, објасни му малку како изгледа животот, знам креативна си, ќе ти текне!.“

И тогаш сфатив колку е тешко на некого што растел во Америка да му објасниш македонска атмосфера. Како да му објаснуваш на човек што живее до добро осветлен супермаркет што точно претставува маалска продавница во која продавачката ти вели „немаме“, пред воопшто да прашаш што бараш, бидејќи те знае и знае што вообичаено купуваш.

Најпрвин и реков:

„Кажи му на син ти да си го замисли Јејтс, само наместо низ ѕвездени патишта да шета низ административни лавиринти. Наместо мистични ветрови, да има промаја од ходник во институција. Наместо величествено осамено мноштво, да гледа група луѓе што нервозно чекаат документ со печат за боледување“.

И така почна обидот еден ирски поет да се пресели во Македонија. Што, кога подобро ќе размислам, и не е толку сурово колку што звучи. Секој голем поет, порано или подоцна завршува во место каде што реалноста делува како лошо организирана метафора.

Но овој разговор не ми остави мир, тој ден дури вечерта ми дојде една мисла и си замислив:

Студентот по книжевност седеше во градската библиотека, со поглед кој сугерираше дека или длабоко размислува за поезијата, или се обидува да не заплаче над неа ,што во неговиот случај беше исто.

Пред него стоеше задачата: да го „преточи“ Јејтс во Македонија.

„Преточи“, си помисли, „како да е ракија, па да го дестилирам и да видам што ќе остане од него ако го ставам во шише од Тиквеш.“

„Be you still, be you still, trembling heart…“

Го прочита наглас, тивко, како да не сака да го вознемири стихот. Срце што трепери. Добро. Тоа барем го имаме. Овде срцата треперат од разни причини : долгови, сметки за струја и што ли уште не,кафани,разводи,таргети, испити, избори, временска прогноза.

Но потоа дојде проблемот.

„…the winds that blow through the starry ways…“

Ѕвездени патишта.

Студентот погледна низ прозорецот. Надвор имаше паркинг, две кучиња што водат егзистенцијален спор околу една мачка и една улична светилка што трепка како да има лично мислење за струјата.

„Ѕвездени патишта“, повтори. Кај нас, ако нешто дува низ ноќта, тоа е провев од незатворен прозорец и комшијата што повторно слуша турбо-фолк на филозофско ниво.

Се обиде повторно.

„Нека ветровите, пламенот и поплавата го покријат…“

Добро, пламен — имавме и таму кај што не треба. Поплава — имавме и таму кај што не би ни сонувал ,на автопат, место каде што човек очекува само асфалт. Ветрови — исто така, ги има што носат лимени кровови како оние што носат ветувања. Но „да го покријат“? Кај нас ништо не се покрива. Сè излегува на површина, порано или подоцна, најчесто во погрешно време и на погрешно место.

А потоа дојде најтешкото:

„…for he has no part with the lonely, majestical multitude.“

Осаменото, величествено мноштво.

Студентот се исправи како да го погодил метафизички нацрт на квантна теорија. Осамено мноштво? Кај нас мноштвото никогаш не е осамено. Секогаш е со некого — со партија, со став, со коментар под објава. Величествено? Зависи од аголот на гледање и од тоа кој брои.

Се замисли.

Можеби проблемот не е во Јејтс. Можеби проблемот е во задачата. Да го преточиш нешто што настанало од магла, мит и тишина во простор каде што тишината веднаш се толкува како сомнеж.

Се обиде да направи македонска верзија:

„Молчи, срце, барем малку, Доста стресирање! Не трепери за секоја работа, инаку не ти бега стентирање!

Има ветрови што не носат ништо, освен нервози, прашина и туѓи мисли. …“ Застана.

Го прочита. Звучеше како совет од постар роднина, а не како поезија. Како нешто што ќе ти го кажат на слава, додека ти сипуваат уште ракија.

Го оттурна листот.

Можеби Јејтс не треба да се преточи. Можеби треба да се остави таму каде што ветровите се навистина ѕвездени, а мноштвото може да биде и осамено без да се чувствува чудно.

А студентот? Тој ќе напише нешто што личи на превод, ќе добие оценка што личи на правда, и ќе продолжи да живее во земја каде што поезијата најчесто се чита како упатство — и секогаш со сомнеж дека нешто ни е намерно премолчено.

И додека ги собираше книгите, му текна една утешна мисла: можеби вистинскиот превод не е во зборовите,туку во тоа колку успеваш да останеш мирен,додека сè околу тебе упорно одбива да биде!

 

 

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.