Германија ќе основа фонд од над 10 милијарди евра за обновување на штетите во подрачјата во западниот дел од земјата, кои минатиот месец беа погодени од големи поплави, пишува денеска весникот „Шпигл“, повикувајќи се на извори од германското Министерство за финансии.
Федералната Влада и 16 германски сојузни покраини ќе дадат еднакви придонеси во тој фонд, наведува весникот.
Повеќе од 180 луѓе загинаа во Германија, а десетици луѓе се уште се водат како исчезнати по поројните дождови кои предизвикаа поплави во покраините Рајнска област-Пфалц и Северна Рајна-Вестфалија од 14 до 15 јули.