Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

100 дена Влада / Фатмир Битиќи: Сто дена Влада и исто толку пропуштени можности

0
By Zoran Ivanov on September 30, 2024 ИЗБОР
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, September 30, 2024 19:02

Наместо ветените промени и придвижување на евроинтегративниот процес, добивме исти манипулации и неуспеси како во минатото. Сведоци сме на заглавување на државата и опасно оддалечување од патот кон Европската Унија.

Фатмир Битиќи, експерт за економија и развој, поранешен вицепремиер за економски прашања во ексклузивно интервју за ЦивилМедиа говори за клучните аспекти на првите 100 дена Влада.

Директен и јасен како и секогаш, Битиќи го критикува застојот во евроинтеграциските процеси и посочи дека владата покажа економска неодговорност и неспособност. Тоа што овие денови, се чини, најмалку се анализира во јавниот и политичкиот дискурс, а претставува основа на стабилноста на земјата – општествената кохезија – нашиот соговорник прецизно и со факти го посочува како уште една област во која се бележи алармантно  назадување. На самиот почеток од интервјуто, Битиќи вели дека во овие 100 дена влада има исто толку пропуштени можности.

Цивил Мдиа: Гледано во целина, како ја оценувате работата на владата во првите сто дена?

Фатмир Битиќи: Сто дена Влада и исто толку пропуштени можности. ВМРО-ДПМНЕ покажа дека, и покрај изборната реторика што ја имаа, немаат ниту план ниту капацитет да одговори на вистинските потреби на граѓаните и на земјата. Наместо ветените промени и придвижување на евроинтегративниот процес, добивме исти манипулации и неуспеси како во минатото. Сведоци сме на заглавување на државата и опасно оддалечување од патот кон Европската Унија. Оваа Влада продолжува да ги носи старите штетни политики кои ја загрозуваат иднината на Македонија на меѓународната сцена, оставајќи ги граѓаните без јасна перспектива и визија.

Фатмир Битиќи (фото: А. Мехмети / ЦИВИЛ)

Цивил Мдиа: Партијата што ја предводи владејачката коалиција безброј пати во изборната кампања говореше за економијата, стопанството, развојот… Како ќе ја оцените работата на владата на Мицкоски од аспект на економските политики?

Битиќи: Владата покажа тотална економска неодговорност и неспособност. Падот на просечната плата е јасен показател за тоа како економските политики на оваа влада влијаат негативно врз стандардот на граѓаните. Мицкоски во четири очи се задолжи за 500 милиони евра во Унгарија, криејќи ги деталите од јавноста и создавајќи долг што граѓаните ќе го плаќаат со генерации. Истовремено, скратени се средствата за поддршка на домашните претпријатија, а повратот на ДДВ почна да доцни – истата погубна практика која ја користеа и од 2006 до 2017 година, кога стопанството беше на колена. Сето ова укажува дека наместо економска стабилност и развој, граѓаните се соочуваат со економска стагнација и долгови, додека власта се занимава со нетранспарентни финансиски зделки и популистички мерки без реален ефект.

Цивил Мдиа: Значи, според Вас, владата во првите сто дена ја враќа земјата назад?

Битиќи: За само 100 дена успеа да ја врати државата неколку години наназад – потопени во долгови, заглавени во економска стагнација и со опасно оддалечување од Европската Унија. Ова не се само промашени 100 дена – ова е премиера на катастрофа во најава!

Цивил Мдиа: Еден од столбовите на стабилноста и политичкиот систем е општествената кохезија или, подиректно, меѓуетничките односи. Дали барем во оваа област има позитивен развој или барем задржување на претходните достигнувања во оваа област?  

Битиќи: Општествениот консензус е разјаден, предизборно најавуваа дека ќе го постигнат, но тргнаа по друга опасна патека на поларизација. Наместо да градат доверба и да создаваат сплотено општество, нивната политика е насочена кон разгорување на тензии и поделби, правејќи ги различностите извор на политички манипулации. Во изминатите 100 дена, се случија два силни удари врз општествената кохезија. Првиот удар е отворањето на постапка за уставноста на Законот за употреба на јазиците, со што се доведува во прашање правото на користење на сопствениот јазик на заедниците, кој беше еден од основните столбови на градење на инклузивно општество. Вториот удар е проблематизирањето на системскиот механизам за заштита од мајоризација, односно „балансерот“ за правична етничка застапеност во државната администрација, со што директно се загрозува фер претставеноста на сите заедници.

Текстот е сопственост на ЦивилМедиа.мк

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.