Најголемата друштвена мрежа Фејсбук, изгуби 11 милиони корисници по објавените докази дека специјалните служби ги користат за своите потреби.
Девет милиони жители на САД, и два милиони на Велика Британија ги избришаа своите профили.
Масовните исклучувања се предизвикани по неодамнешните откритија на поранешниот агент на ЦИА, Едвард Сноуден кој тврдеше дека мрежата е надгледувана.
Околу 13 отсто од корисниците тврдат дека го напуштиле Фејсбук бидејќи не биле задоволни со него или поради тоа што го изгубиле интересот за оваа друштвена мрежа.