Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

84 години: 11 октомври 2025 – Ден никулец во создавањето на македонската држава

0
By Zoran Ivanov on October 11, 2025 ТЕМА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, October 11, 2025 08:00

На 11-ти  октомври 1941 година, Првиот прилепски партизански одред „Гоце Делчев“ изврши напад врз бугарскиот полициски участок во Прилеп. Настанот го зацврсти македонското национално единство и го отвори патот кон АСНОМ, со кој македонскиот народ доби институционална рамка и државен статус.

Единаесетти октомври 1941 година претставува најсветлата точка во модерната македонска национална историја. Тоа е симболичен почеток на Народноослободителната и антифашистичка борба на македонскиот народ.

На овој ден оружената акција покажа дека македонскиот народ ја презема судбината во свои раце, поставувајќи основи за сопствена држава и национално самосознавање. Денот не е само воен настан – тој ги обедини различните форми на отпор и ги насочи кон јасна македонска национална цел.

Во 1941 година, Македонија беше поделена и окупирана од силите на Оската – бугарска, германска и италијанска. Окупаторските режими водеа асимилаторска и репресивна политика, што го загрозуваше јазикот, културата и општествениот живот на Македонците. Во такви услови, отпорот стана рационален и морален импулс, бидејќи националната и политичката слобода остануваа недостапни. Прифаќањето на оружената борба ја постави Македонија во рамките на антифашистичката коалиција и ја утврди нејзината историска улога.

На 11-ти октомври 1941 година, Првиот прилепски партизански одред „Гоце Делчев“ изврши напад врз бугарскиот полициски участок во Прилеп. Во нападот учествуваа 16 партизани, распоредени во три групи: првата го нападна полицискиот участок, втората затворот, а третата ги прекина телефонските врски и електричната инсталација. Овој храбар и синхронизиран напад претставуваше прв организиран отпор против окупаторот и означи почеток на Народноослободителната борба на македонскиот народ.

11-ти Октомври ја поврза индивидуалната храброст на македонскиот народ со колективната државотворна визија. Настанот го зацврсти македонското национално самосознание и го отвори патот кон АСНОМ и формирањето на федерална Македонија, каде што македонскиот народ доби институционална рамка и државен статус. Во текот на тригодишната војна, македонскиот народ го оствари националното единство, создаде сопствена војска и ги положи темелите на модерната македонска држава.

Денот на македонското, традиционално се одбележува со свечени академии, пригодни настани и положување свежо цвеќе на спомениците на македонски народни херои од Народно-ослободителната борба, од страна на највисоки политички функционери, јавни личности и претставници на општествени организации и институции. Традиционално, посебно одбележување на денот се случува во Прилеп со симулација на историскиот чин со кој почна востанието на македонскиот народ.

 

11-ти октомври државен празник
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026
ФОКУС
May 5, 2026Updated:May 5, 2026

5-ти мај – ден на македонскиoт јазик

ВЕСТИ May 5, 2026

Пораки за македонскиот јазик, неговата вредност и потребата за зачувување на аманетот од постарите генерации…

123 години од смртта на Гоце Делчев

May 4, 2026

Техеран: Иран испрати план од 14 точки до САД – Прекин на војната за 30 дена и нов режим за Ормуз

May 3, 2026

103-ка

May 1, 2026
ТИКЕР

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.