НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Во Кривичен се слушаа 16 неслушнати „бомби“ за уривањето на „Космос“

0
By Нова ТВ on June 11, 2018 ПОЛИТИКА
Архива
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Како иде, го прашува поранешниот премиер Никола Груевски на поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески во еден од телефонските разговори во врска со уривањето на комплексот „Космос“ на бизнисменот Фијат Цаноски, воден на 14 август 2011 година.

„Ми потврдија, утре ќе биде. Овој знае? Ќе дознае, вечер ќе поставуваме сајли, жици. Има шпиони, се’ знае“, му одговара, меѓу другото, Јанакиески на Груевски.

Ова е само дел од еден од разговорите што ги воделе Груевски и Јанакиески а кои беа пуштени на денешното судско рочиште во случајот „ТНТ“ на Специјалното јавно обвинителство (СЈО).

Според она што можеше да се слушне од така наречените „бомби“, планот за уривањето на милионската инвестиција на Цаноски бил направен на втори август 2011 година откако Цаноски, поради затворањето на телевизијата А1, во сопственост на неговиот сват, Велија Рамковски, ја напушта владејачката коалиција а ВМРО-ДПМНЕ го изгуби двотретинското мнозинство во парламентот.

Во еден од разговорите Груевски прашува дали Цаноски може да покрене тужба, на што Јанакиески му одговара „Ќе го јадат Коце и Тони“ мислејќи на тогашните градоначалници на Град Скопје и општина Гази Баба, Коце Трајановски и Тони Јакимовски.

На 15 август истата година откако минирањето завршило во телефонски разговор Јанакиески му објаснува на Груевски дека зградата „лета цела и не знам како се држи“. На тоа Груевски одговара дека ако е така тогаш „не мора цела да ја довршиме“.

„Ако е онеспособена, тогаш не мора да ја довршуваме за да паднат товарот и трошоците за тоа на оштетениот Цаноски“, вели Груевски.

Освен тоа Груевски и Јанакиески договораат како ќе се справат со реакциите на јавноста и на амбасадорите во Македонија а по совет на тогашниот министер за надворешни работи Никола Попоски кој во разговор со Јанакиески вели дека мора да се најде и друг објект што излегува од габаритот кој ќе биде урнат.

„Мора да има барем уште еден, гледав на ТВ. Да собереме такви информации, за кога ќе излеземе, да знаеме. Да не речат на овој му уривате, на тој не“, го советува Попоски тогашниот колега министер Јанакиески.

Според одбраната, разговорите се прибавени на незаконски начин и тие не можат да бидат користени како докази. Судот го одби барањето на адвокатите во случајот „ТНТ“да се читаат редните броеви, кодовите или телефонските броеви, а не имињата и презимињата на учесниците во “бомбите”.

На денешното изведување на доказите беа прочитани и педесетина смс – пораки меѓу двајцата главни обвинети Никола Груевски и Миле Јанакиески.

На одбраната не и беше дозволено и вештачење на аудио фајловите, па според адвокатот Димитар Дангов со ваквиот потег на судскиот совет и СЈО се повредува законот за заштита на приватноста.

Обвинети за уривањето на комплексот „Космос“ се поранешниот премиер Никола Груевски, поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески и поранешниот градоначалник на општина Гази Баба Тони Трајковски.

Според обвинението, обвинетите во 2011 година сториле кривично дело од политичка омраза со уривање на комплексот „Космос” на бизнисменот и поранешен пратеник Фијат Цаноски.

Следното рочиште е закажано за 3 јули 2018 година.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп: Голем напредок околу Русија, следете!

August 17, 2025

Вучиќ: Во следните три или четири дена државата ќе преземе решителни мерки за враќање на мирот и поредокот во Србија

August 17, 2025

Зеленски: Рускoто одбивање за преговори за прекин на огнот ја комплицира ситуацијата

August 17, 2025

Мерц со критика за самитот Трамп–Путин: Помалку ќе беше повеќе

August 17, 2025

Дачиќ по синоќешните протести во Србија: Повреден жандарм, уапсени 18 лица, воспоставен ред и мир

August 17, 2025
ФОКУС

Најмалку 21 лице загина чекајќи хуманитарна помош во Газа

ВЕСТИ August 17, 2025

Најмалку 21 лице денеска беше убиено од израелски оган додека се обидувале да добијат помош…

Скопје 19.00: Почесна артилериска стрелба по повод Денот на Армијата

August 17, 2025

Белград: И ноќва масовни протести низ цела Србија, масовно присуство на српската полиција и нови облаци од солзавец

August 16, 2025

Гоцевски: АРСМ – перманентен стабилизатор на независноста и суверенитетот на македонската држава

August 16, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.