Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

16 години ДУИ: На Албанците не им требаат повеќе од две партии

0
By Нова ТВ on June 5, 2018 ПОЛИТИКА
Фото ДУИ (архива)
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Демократската унија за интеграција денеска одбележа 16 години од основањето.

Во соопштението од партијата по тој повод се истакнува дека во 16 години од постоењето партијата имала 12 последователни победи во сите изборни процеси во земјата, 4 конгреси од кои 3 изборни и 1 тематски.

Како свој успех партијата си припишува: „Илјадници вработени во администрацијата и приватниот сектор, слободните економски зони во Струга, Кичево, Тетово, Скопје, започнатата гасификација во Скопје, Тетово и Гостивар, многу изградени патишта и некои кои се уште се градат, автопатот Кичево – Струга, заеднички владини средби со Косово и Албанија, енергетска поврзаност со Албанија, како и преминување на границата со Косово и Албанија без пасош, исцртана граница со Косово и признавање на косовската независност, албанскиот театар во Скопје, тетовската библиотека и театар, Музејот во Битола и Музејот на слободата, Државниот ансамбл на албански песни и ора, Меморијалниот центар на Албанската Мајка во Зајаз, но и  конкретни проекти за водоснабдување во напите населени места, ургентен центар во Тетово и други болнички центри, земјоделски субвенции, образовни стипендии и безброј други проекти“.

Партијата смета дека оваа година го заокружува како што велат „тематското делување на Демократската Унија за Интеграција“, што започнало со уставните промени во согласност со Охридскиот договор, територијалната поделба, националните симболи, фер и правичната застапеност во државните институции, предводење на клучни функции во државата како претседател на Собрание, државен правобранител, народен правобранител, министер за одбрана, министер за внатрешни работи итн., целосната инфраструктура во високото образование со легализација на ДУТ, отворањето нови факултети и студенски домови, како и основањето на вториот албански државен универзитет во Скопје, заедно со многу училишта, детски градинки, спортски сали, плоштадите Скендербег, Илирија, на знамето, спомениците на Скендербег, Хасан Приштина, Иса Болетини, Јосиф Багери , Неџат Аголи, Пјетер Богдани, но и со институционалното одбележување на 100-годишнината од азбуката, 100-тиот роденден на Мајка Тереза и 100-тата годишнина од знамето’.

ДУИ како сој успех го смета исто така и статусот на земја-кандидат за членство во ЕУ, визната либерализација со земјите на ЕУ, отворање висок дијалог за пристапување во ЕУ и препораки за отворање на преговори, затворање на спорот со Бугарија и се до целосното официјализирање на употребата на албанскиот јазик и на работ на решавање на прашањето за името што ќе овозможи датум за почеток на преговорите со Европската унија и покана за влез во НАТО.

– За 16 последователни години заедно создадовме дела, не сме се занимавале со навредуви и контрадикти. Ние никогаш не престанавме да ги решаваме проблемите и да се соочиме со предизвиците. Секој единствен ден во овие 16 години го развиваме угледот на достоинствен претставник на граѓаните и го одржуваме силното партиско единство и колегијална солидарност, без да ги заборавиме вредностите и потеклото со којшто го започнавме ова патување, ослободителните напори за слобода и целосна еднаквост, се вели во соопштението од партијата, во кое се истакнува дека партијата „целосно достоинство ги претставувала Албанците и сите граѓани на Македонија на национално, регионално и меѓународно ниво и сме ценети и прифатени од сите“.

Од партијата велат дека и во следните години консензусот ќе биде камен-темелник за градење на нивните политики, но укажуваат на како што велат „фрагментирана албанска сцена со тенденција за понатамошно продлабочување на поделбата на Албанците во безброј партии“.

-Убедени сме дека ова агенда за парцијализирање и слабеење на нашиот политички потенцијал во земјата мора да заврши и ние остануваме посветени на принципот дека на Албанците во Македонија не им требаат повеќе од две политички партии за да се постигне оптимална застапеност и реализација, сметаат од ДУИ.

Од ДУИ најавуваат дека НАТО и ЕУ остануваат целите за кои сметаат дека се најдобро решение за  Македонија и ќе придонесат кон мирот, стабилноста и безбедноста, како и за економски развој и социјална и општествена благосостојба.

 

 

16 години ДУИ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Несреќа на брегот кај Либија: 42 мигранти се водат за исчезнати, стравувањата се дека се удавиле

November 12, 2025

Раст на просечната годишна плата во ЕУ во 2024 година за 5,2 отсто 

November 12, 2025

Њујорк тајмс: Единствениот внук на Џон Ф. Кенеди влегува во политиката

November 12, 2025

Земјотрес од 5,2 степени по Рихтер го погоди Кипар

November 12, 2025

Затворил 58 мачки и ги мачел – судот во Грција му изрече казна од 1,7 милиони евра

November 12, 2025
ФОКУС

Судењето за „Пулс“ почнува на 19 ноември – институциите бараат почит кон жртвите и фер постапка

ВЕСТИ November 12, 2025

Судењето за трагедијата во дискотеката „Пулс“ во Кочани, во која животот го загубија 63 лица,…

Марш на Ангелите в сабота во Скопје  – родителите ги повикуваат скопјани овојпат масовно да им се придружат

November 11, 2025

Блокатата на „ИПАРД 3“ е удар брз земјоделството и врз репутацијата на земјата

November 10, 2025

36 години од падот на Берлинскиот ѕид

November 10, 2025
ТИКЕР

Несреќа на брегот кај Либија: 42 мигранти се водат за исчезнати, стравувањата се дека се удавиле

November 12, 2025

Раст на просечната годишна плата во ЕУ во 2024 година за 5,2 отсто 

November 12, 2025

Њујорк тајмс: Единствениот внук на Џон Ф. Кенеди влегува во политиката

November 12, 2025

Земјотрес од 5,2 степени по Рихтер го погоди Кипар

November 12, 2025

Затворил 58 мачки и ги мачел – судот во Грција му изрече казна од 1,7 милиони евра

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.