Published: Sunday, December 22, 2024 16:25
На белградска „Славија“ илјадници студенти и граѓани одржуваат голем студентски и граѓански митинг „на тишината“. Непосредниот повод е несреќата на железничката станица во Нови Сад кога од уривање на бетонската настрешница на станичната зграда загинаа 15 луѓе но револтот се претвора во протест против корупцијата на власта.
Идентични протести на молк се одржуваат и во другите универзитетски градови во Србија како Ниш, Нови Сад, Крагујевац, …






