Published: Monday, December 2, 2013 21:38
Новата фонтана која вклучува и реконструкцијата на плоштадот „Македонија“ ќе чини 2.4 милиони евра, а ќе ја изработува фирмата „Трансмет“ чиј сопственик е бизнисменот Сеад Кочан. Парите за фонтаната ќе се издвојат од буџетот на Градот Скопје. Според најавите на градоначалникот на Скопје Коце Трајановски фонтаната треба да биде готова напролет.
– Јас сум задоволен од исходот на вториот тендер. Деновиве ќе биде потпишан договорот со новоизбраната фирма. Се очекува во април или мај 2014 година да биде готов плоштадот, ако дозволат временските услови, вели градоначалникот Коце Трајановски.
Фонтаната на плоштадот ќе содржи 128 прскалки, а ќе биде променет и плочникот каде ќе се вградуваат мермени коцки.




