Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

2,6 милиони евра за барокни фасади во центарот на Скопје

0
By Нова ТВ on February 2, 2014 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Sunday, February 2, 2014 12:58

Градот Скопје процени дека реконструкцијата на надворешниот изглед на седум објекти во центарот на Скопје ќе чини 162.028.826 денари или преку 2,6 милиони евра, без вклучен ДДВ во крајната вредност, јави порталот build,mk

Опфатените објекти што ќе добијат фасади во согласност со владиниот проект „Скопје 2014“ се наоѓаат на улиците „Македонија“ (зграда бр.39), „Никола Вапцаров“ (згради бр.6, 8, 11 и 13) и „Димитрие Чуповски“ (згради бр.10 и 20). Во текот на денешниот ден е објавен огласот за избор на градежни компании што ќе ги изведуваат новите фасади, при што крајниот рок за доставување на тендерските понуди истекува на 20 и 21 февруари. За сите нив веќе се изработени основните проекти врз основа на кои ќе се изведува реконструктивниот зафат.

Промената на изворниот изглед на постоечки објекти во центарот на Скопје е еден од главните проекти на кои работи градската администрација. Досега се избрани 20-тина идејни решенија за згради во строгиот центар на градот, а во моментов тече рокот за доставување на трудови на конкурсот за околу 40 објекти на улиците „Македонија“, „Никола Вапцаров“ и „Димитрие Чуповски“, но и зданијата што гравитираат околу плоштадите „ВМРО“ и „Мајка Тереза“. Ако на нив се додадат и новите фасади за десетина објекти на булеварот „Илинден“, тогаш нивниот вкупен број е преку 50. Единствена непознаница од оваа замисла со која се продолжува проектот „Скопје 2014“ е колку ќе чини нејзината реализација, иако првичните проценки за финансиската конструкција може да се направат од тендерот за првите седум објекти.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.