Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

200 ученици за возобновеното полициско училиште „7. мај“

0
By Zoran Ivanov on July 5, 2026 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Sunday, July 5, 2026 15:25
Облечи ја униформата со гордост!“ е мотото на  јавниот повик на Министерството за внатрешни работи за прием на 200 ученици во новото државно Средно полициско училиште – Полициска академија за учебната 2026/2027 година. Со него ќе се возобнови средното полициско образование во државава по пауза од 26 години, односно од завршувањето на последната генерација (1996-2000) пред укинувањето на тогашниот Центар за образование на кадри од областа на безбедноста (ЦОКОБ) „Елисие Поповски-Марко.
За упис во новото училиште, кое е именувано „7 Мај“ (Денот на македонската полиција), ќе може да конкурираат ученици со завршена втора година средно образование во кое било четиригодишно средно училиште во државава. Учениците што ќе се запишат ќе имаат настава по стручни и општообразовни предмети и ќе престојуваат во ученички дом (интернат) во склоп на Центарот за обука на МВР (Полициска академија) во Идризово, каде што за полицајци се школувани 24 генерации, од 1972 до 2000 година, во некогашното четиригодишно полициско училиште. Во согласност со јавниот повик, кога ќе матурираат МВР ќе им обезбеди работно место – полицаец.

За да се запишат кандидатите треба да ги исполнат  условите од конкурсот и да ја поминат селекцијата која ќе биде во три фази: проверка на моторички способности; писмено тестирање (општообразовен тест) и поединечен разговор (интервју) со кандидатот. Конкурсот е отворен од 3 јули и ќе трае 15 дена, до кога заинтересираните треба да ги достават потребните документи со пријавата, која е достапна за преземање во повикот на МВР.

Општи услови кои кандидатот треба да ги исполни се:да е државјанин на Република Северна Македонија, да нема навршено 18 години возраст на денот на објавување на јавниот повик, активно да го користи македонскиот јазик и да е здравствено и психофизички способен, што се потврдува со лекарско уверение издадено од лиценцирана установа.

Во посебните услови е наведено дека општиот успех во двете завршени години средно образование треба да биде најмалку „добар“ и на ученикот да не му се изрекувани педагошки мерки во училиштето каде што ги завршил прва и втора година средно образование. Во посебните услови се и успешно поминати трите фази од селекцијата.

Пријавата треба да ја поднесе родителот/старателот на кандидатот, заедно со потребните докази за исполнетост на општите услови. Како што е наведено во јавниот повик, пријавите се поднесуваат во Секторот за внатрешни работи (СВР) Скопје (полициските станици Гази Баба, Бит-пазар или Карпош) и во секторите за внатрешни работи во Битола, Велес, Куманово; Тетово, Охрид, Струмица и Штип. Селекцијата на пријавените кандидати ќе ја прави комисија формирана од министерот за внатрешни работи. Сите три фази од селекцијата ќе се спроведат во Средното полициско училиште – Полициска академија и од секоја фаза кандидатот ќе има освоено бодови.

Врз основа на вкупниот број освоени бодови од поединечните фази на селекција, Комисијата за прием и селекција на ученици ќе направи конечна ранг–листа на примени ученици, која ќе биде објавена на огласната табла на училиштето и на веб-страницата на Министерството за внатрешни работи.

М-р Влатко Митковски, помошник на министерот на Центарот за обука на МВР, за МИА изјави дека целиот процес на реализација на конкурсот и селекцијата се очекува да заврши околу средината на август. Вели дека секторите за внатрешни работи се веќе „блокирани“ од пријави на кандидати.

Бројот од двесте кандидати ќе се пополни и очекуваме голема конкуренција, а кога има повеќе пријавени кандидати може да се направи и добра селекција. Комисијата е на одобрување кај министерот, ќе има претседател и најмалку четворица членови и нивни заменици од релевантните организациски единици на Министерството. Очекуваме до 15-20 август да заврши сè и потоа учениците ќе имаат мал одмор и време да ги средат административните обврски за отпишување од претходното училиште и запишување во училиштето „7. мај“, изјави Митковски.

Средното полициско училиште – Полициска академија е формирано со одлука на Владата и врз основа на Законот за средно полициско училиште, кој беше донесен во август минатата година поради недостигот од формализирано средно полициско образование.

Откога во 2000 училиштето беше укинато се спроведува основна полициска обука на кандидати од 18 до 25 години, избрани на јавен оглас, кои по една година во Центарот за обука засноваат работен однос во МВР.

Во зависност од потребите на Министерство за внатрешни работи, ќе постои можност паралелно со полициското училиште да продолжи да постои и  едногодишната основна обука за полицаец.

Засега може да потврдиме дека во согласност со потребите на МВР ќе продолжи и едногодишната обука, меѓутоа не се знае кога би имало нареден конкурс. Сè зависи какви ќе бидат потребите затоа што сега ни завршува една класа, во моментов има селекција за друга класа, за Скопје 150, кои би почнале заедно со среднистите од 1. септември. Така што веќе ќе имаме една генерација во тек. За понатаму не може да кажеме, меѓутоа нема да запре. Какви ќе бидат потребите, така ќе се пушта конкурсот, изјави Митковски.

кадети полициско школо
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.