Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

2014 – ужасна година за „Малезија Ерлајнс“

0
By Нова ТВ on December 30, 2014 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, December 30, 2014 15:03

За малезиската авијација, 2014 дефинитивно беше ужасна година, пишува „Њујорк Тајмс“, и доколку нема преживеани помеѓу 162 патници и членови на екипажот од летот 8501 на Ер Азија кој исчезна во неделата наутро, ќе значи дека авионите на Малезија „учествувале“ во трите најтрагични авионски катастрофи оваа година.

Во 2014 година, сè започна со летот 370 на Малезија Ерлајнс. Боингот 777 кој патуваше од Куала Лумпур кон Пекинг, нагло го промени курсот на летот и во раните утрински часови на 8.март за последен пат на радар беше забележан западно од Малајскиот Полуостров над Индискиот Океан.

Според информациите од сателитите, истражувачите веруваат дека авионот со 239 патници и членови на екипажот се срушил некаде во Индискиот Океан западно од Австралија.

Ова е најголемата мистерија во однос на авијацијата, бидејќи до денес нема официјални докази или материјали каде завршил Боингот 777.

Потоа на 17.јули, уште еден авион на Малезија Ерлајнс се урна. Овој пат во Украина, на територија контролирана од бунтовници. Сите 298 патници загинаа. Американските и украинските претставници тврдеа дека авионот е соборен од страна на руските бунтовници во источниот дел на Украина, обвинувања кои беа отфрлени и од Русија и од руските бунтовници.

Ако се споредуваат бројките на загинати од другите авионски несреќи, ниту една не е ни близу до податоците од несреќите на Малезија Ерлајнс.

Авионот Ербас А320-200 кој исчезна во неделата (28.12.2014) е раководен од индонезиската подружницата на ЕрАзија, компанија пак која е базирана во Малезија.

Инаку ЕрАзија никогаш до сега немала фатална авионска несреќа.

Конекцијата на Малезија со трите несреќи е уште поинтересна со оглед на тоа што ниту еден од трите авиони не е помеѓу 25-те најголеми во светот во однос на својот патувачки капацитет.

Сепак Малезија годинава не се справуваше само со тешкотии во воздухот. Исчезнувањето на авионот на ЕрАзија се случуваше во исто време кога земјата се справуваше со монсунски дождови, што беше причината за евакуација на повеќе од 160.000 луѓе. Најмалку 10 луѓе загинаа во поплавите.

Малезијците ги преплавија социјалните медиуми со пораки дека можеби ова е тест од Господ.

„Време е сите да се соединиме, да ја спуштиме топката, да размислиме и да се помолиме“, е едно од најпренесуваните пораки преку Твитер, објавена од жител на Малезија.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.