Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

21-ви Скопски маратон – над 14.000 учесници од 58 земји

0
By Zoran Ivanov on October 2, 2025 ВЕСТИ, СПОРТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Годинашното 21. издание на Виз Ер Скопски маратон ќе се одржи на 5. октомври година, а најмасовна останува трката на 5 километри со околу 10.300 учесници, при што третпат по ред доминираат жени.

На денешната прес-конференција беше најавено 21. издание на Виз Ер Скопски маратон, кое ќе се одржи на 5 октомври 2025 година, како и Виз Ер Маратон Експо 2025.

Оваа година, Скопје ќе биде домаќин на рекорден број пријавени учесници – повеќе од 14.000 натпреварувачи од 58 земји ширум светот, што претставува историски рекорд за најголемиот спортски настан во државата. Најмасовна останува трката на 5 километри со околу 10.300 учесници, при што третпат по ред доминираат жени – нешто што претходно не било случај. Во маратонската и полумаратонската трка, пак, поголем дел од учесниците се мажи.

Оваа година се пријавени повеќе од 14.000 учесници од рекордни 58 држави, што е апсолутен рекорд, а особено радува фактот што на трката на 5 километри, со над 10.000 учесници, третпат по ред доминираат жени. Тоа е јасен показател за големиот интерес кај дамите за рекреативното трчање. Од друга страна, кај маратонската и полумаратонската трка и натаму доминираат мажи.

Во рамките на Виз Ер Маратон Експо 2025, стартните пакети за учесниците ќе се издаваат на 2, 3 и 4 октомври (четврток, петок и сабота) во шопинг центарот Diamond Mall, во период од 10:00 до 20:00 часот. Стартниот пакет може да се подигне лично или друго лице да го стори тоа во име на учесникот. При подигањето задолжително е да се приложи QR кодот кој ќе биде испратен на е-маил (на 30 септември) или копија од важечки документ за лична идентификација (лична карта или пасош за странските учесници). Организаторите потсетуваат дека на денот на трката – 5 октомври 2025 година – нема да има можност за подигање на стартни пакети.

21-от Виз Ер Скопски маратон ветува уште едно незаборавно издание кое ќе ја претвори метрополата во вистински спортски центар, обединувајќи ги натпреварувачите, навивачите и граѓаните во единствена маратонска магија низ улиците на Скопје.

2025 Маратон октомври Скопје
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Шведска: 14-годишник отворил оган и повредил најмалку шестмина

October 4, 2025

Делови од Бугарија погодени од поплави, прогласена вонредна состојба во повеќе региони, 80 населени места без струја

October 4, 2025

Белградски медиуми: Македонец е најверојатно загинатиот во експлозија во стан во Белград додека подготвувал експлозивна направа за ликвидација на дилер на дрога

October 3, 2025

Во Тирана открена најголемата мрежа за проституција во Албанија

October 3, 2025

Пропалестинските протести во Швајцарија – солзавец, водени топови, повредени

October 3, 2025
ФОКУС

Родителите од Кочани до мицкоски: треба да се засрамиш, а не да одиш со крената глава

ВЕСТИ October 4, 2025

Наместо правда и целосна одговорност сведоци сме на пропусти и прикривање. Правдата важи само за…

Кочани: Нов марш за Ангелите – Обвинителниот акт е непобитен доказ дека правдата не е на страна на жртвите туку на виновниците

October 4, 2025

Хамас се согласи да ги ослободи сите израелски заложници согласно планот на Трамп

October 4, 2025

Откако Хамас се согласи да ослободи заложнициТрамп го повика Израел веднаш да запре со бомбардирањето на Газа

October 4, 2025
ТИКЕР

Шведска: 14-годишник отворил оган и повредил најмалку шестмина

October 4, 2025

Делови од Бугарија погодени од поплави, прогласена вонредна состојба во повеќе региони, 80 населени места без струја

October 4, 2025

Белградски медиуми: Македонец е најверојатно загинатиот во експлозија во стан во Белград додека подготвувал експлозивна направа за ликвидација на дилер на дрога

October 3, 2025

Во Тирана открена најголемата мрежа за проституција во Албанија

October 3, 2025

Пропалестинските протести во Швајцарија – солзавец, водени топови, повредени

October 3, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.