Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

21 земја го ратификува Протоколот – декември годинава реален датум за членство

0
By Нова ТВ on July 13, 2019 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, July 13, 2019 08:54

По ратификацијата на протоколот за членство на нашата земја во НАТО што го направија завчера Народното собрание на Република Турција и Парламентот на Чешката Република остануваат уште осум ратификации до полноправното членство во Алијансата.

– Големото Народно собрание на Турција го комплетираше ратификацискиот процес на Протоколот за членство на Северна Македонија во НАТО. Како и досега, Турција ќе продолжи да ја поддржува Северна Македонија во евроатлантскиот интегративен процес, напиша шефот на турската делегација во Парламентарното собрание на НАТО Осман Ашкин Бак на Твитер.

Протоколот за членство во НАТО завчера доби зелено светло и во чешкиот Парламент.

– Убедени сме дека пристапувањето на Северна Македонија во НАТО ќе ја зајакне целокупната стабилност и безбедност на Балканот, а во исто време и самата Алијанса, истакна вицепремиерот Јан Хамачек на ратификацијата на Протоколот.

Досега 21 земја членка го ратификуваше Протоколот и дадоа зелено светло за пристапување на нашата земја во НАТО.

Се очекува летово тоа да го сторат и САД, а до крајот на годинава и преостанатите земји созјузници со што Северна Македонија и официјално ќе стане 30-та членка на Северноатлантската алијанса.

Премиерот Зоран Заев вчера оцени дека имаме добри шанси на 3 или 4 декември годинава да добиеме одлука за полноправно членство во најмоќниот безбедносен сојуз на светот.

Рече дека до крајот на следната недела се очекува Велика Британија да информира оти ја завршила ратификацијата, како и дека тоа ќе го стори и Шпанија наскоро, откако ќе се формира Влада и парламентарно мнозинство, со што Парламентот во Мадрид ќе може да гласа за Протоколот.

– Дваесет и една земја веќе го ратификуваа Протоколот. Тоа се за нас добри пораки заради тоа што во последните пет-шест месеци ратификацијата се движи со повеќе од посакуваното темпо. Остануваат уште осум земји, верувам дека оваа или до крајот на следната недела Британија ќе не информира дека е истечен рокот од 21 ден и таму ратификацијата е завршена, со што ќе бидат 22. Се надеваме дека Шпанија бргу ќе формира влада и парламентарно мнозинство за да може да гласа, а другите земји веќе не информираа за процедурите и протоколите, изјави Заев, одговарајќи на новинарски прашања при вчерашната посета на археолошкиот локалитет Стоби.

Заев додаде дека министерот за надворешни работи Никола Димитров во скоро време ќе информира за процедурите и постапките во останатите држави каде што се очекува да се случи ратификацијата и оцени дека имаме добри шанси на 3 или 4 декември да добиеме одлука за полноправно членство за НАТО.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.