Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

22 годишното момче кое почина од Ковид-19 имало Даунов синдром, му откажало срцето

0
By Менче Атанасова Точи on August 6, 2020 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, August 6, 2020 17:50

22 годишното момче кое почина од Ковид-19 имало Даунов синдром, потврдија за НОВА, од Министерството за здравство. Почина синоќа во 21 часот во ГОБ„8 Септември“, каде пациентот бил лекуван од 16 јули, во тешка здравствена состојба. Лекарите велат дека бил донесен во исклучително тешка состојба и многу брзо ставен на респиратор, така што целото лекување го поминал приклучен апарат за вештачко дишење.

Лекарите сметаат дека неговата состојба, Дауновиот синдром е ризик сам по себе, особено што состојбата со срцето не му била испитувана преходно. Ова го потврдила и неговата сестра, која е медицинска сестра во истата болница. Во Ковид центарот на одделот за интензивна нега каде што бил лекуван, велат дека прво почнало да попушта срцето, бубрезите , па откажале сите органи.

„Не беше кардиолошки испитан, а поради респираторот на кој беше приклучен од првиот момент не можеше да се однесе и да се направи ЕХО на срце. Обично, Дауновиот синдром е пропратен со дефекти на срцето, па затоа и прво почна да откажува срцето.

Бубрезите откажаа, па пак, почнаа да функционираат, но за кратко. Синоќа околу 21 часот почина“, потврдија за НОВА во Ковид центарот на ГОБ“8 Септември“.

Ова 22 годишно момче од Скопје е меѓу шестмината починати кои беа објавени со билансот од последните 24 часа. Неговата смрт предизвика многу реакции и чудење во јавноста.

Покрај 22 годишното момче, починати се уште двајца пациенти од Скопје на возраст од 83 години и 64 години и по еден од Куманово на возраст од 72 години, од Струга на возраст од 48 години и од Охрид на возраст од 75 години.

Денеска се регистрирани 113 новозаболени граѓани со Ковид-19, од направени 1.543 тестови. Ова претставува нешто повеќе од 7, 3 проценти од вкупниот број на тестирани.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.