Светската фудбалска федерација го објави списокот на 23 играчи кои влегоа во конкуренција за најдобар фудбалер во 2016 година.
Според правилата, во изборот ќе учествуваат повеќе категории. Стандардно ќе се земат гласовите на сите капитени и селектори на националните репрезентации, како и на новинарите. Овојпат новина е што во гласањето ќе учествуваат и навивачите кое ќе трае до 22 ноември.
Официјално најдобриот фудбалер за 2016 година според ФИФА ќе биде прогласен на 9 јануари 2017 година во Цирих. Наградата најдобар за 2015 година ја понесе Лионел Меси од Барселона, кој и оваа година е во конкуренција. Зад него според бројот на освоени гласови беа Роналдо и Нејмар.