Фабричка менза во Штип вчера беше затворена од Државниот санитарен и здравствен инспекторат поради регистрирано труење кај 23 работници кои завршиле во штипската болница.
Кај вработените по ручекот се јавиле мачнини и тегоби, па по лекарскиот преглед биле пуштен на домашно лекување, освен едно лице кое е задржано за понатамошна опсервација.
Медиумите пренесоа дека се затворени две трпезарии каде што се јадело и мензата каде што се подготвувала храната која се носела во канистри, додека Државниот санитарен и здравствен инспекторат зел брисеви и мустри од храната и од сите површини во трпезариите и мензата.
По завршување на сите испитување надлежните ќе ја кажат причината за труењето на работниците.