Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ковид биланс: Нови 25 заразени лица, 17 излекувани, тројца починати

0
By Нова ТВ on May 27, 2020 ВЕСТИ
Фото: 24.mk
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Нови 25 заболени лица, 17 излекувани и тројца починати е билансот за ковид-19 во земјата за последните 24 часа, информираат од Министерството за здравство (МЗ). Во изминатото деноноќие, како што истакнуваат од МЗ, се направени вкупно 622 тестови при што вирусот е детектиран кај 14 лица во Скопје, четворица во Штип, по двајца во Куманово и во Тетово и по еден во Прилеп, во Струга и во Велес.

Министерството за здравство информира дека на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) денеска се регистрирани 17 оздравени пациенти и тоа во Скопје – 11, во Куманово – 4, во Тетово – 1 и во Велес – 1.

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби почина пациент од Струга на 58 годишна возраст и 47 годишен пациент од Скопје кои долго време биле поставени на механичка вентилација. Во ГОБ „8 септември“ почина пациент од Тетово на возраст од 41 година кој бил хоспитализиран на 19 мај.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 2.039, бројката на оздравени пациенти е 1.470, на починати е 119, а бројот на активни случаи во земјата во моментот изнесува 450. Последната дистрибуција по градови е следна:

Скопје – 747, активни 210
Куманово – 438, активни 33
Дебар – 51, активни 0
Штип – 50, активни 15
Прилеп – 211, активни 47
Тетово – 179, активни 70
Струга – 77, активни 9
Велес – 128, активни 40
Битола – 28, активни 7
Охрид – 23, активни 8
Кавадарци – 5, активни 0
Гостивар – 22, активни 4
Гевгелија – 4, активни 0
Струмица – 3, активни 1
Крива Паланка – 6, активни 0
Радовиш – 4, активни 0
Крушево – 3, активни 0
Кочани – 31, активни 0
Пробиштип – 2, активни 0
Кичево – 2, активни 0
Неготино – 10, активни 3 (7 заболени лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)
Демир Хисар – 1, активни 0
Македонски Брод – 2, активни 0
Пехчево – 3, активни 0
Делчево – 1, активни 0
Валандово – 1, активни 0
Виница – 3, активни 1
Кратово – 2, активни 1
Берово – 1, активни 0
Свети Николе – 1, активни 1

Направените 622 теста се преку ИЈЗ – 278, преку Ветеринарен факултет – 24, преку „Авицена“ – 20, преку „Биотек“ – 48, преку Клиниката „Филип Втори“ (Жан Митрев) – 79, преку „Систина“ со PCR метода – 54 и преку МАНУ – 119. Досега во земјата се направени вкупно 26.463 тестирања на ковид-19.

Од вкупниот број направени тестови во изминатото деноноќие, 251 е дел од скринингот во градинки и во геронтолошки установи. Тестирањата се направени преку Центрите за јавно здравје во Кочани, во Куманово и во Скопје, при што регистриран е еден позитивен случај во геронтолошка установа во Скопје. Досега преку скрининг се направени 2.680 тестирања на ковид-19, а регистрирани се вкупно три позитивни случаи на вирусот.

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во изминативе 24 часа, според МЗ, немаше прием на нови приеми, а хоспитализирани се вкупно 50 пациенти. На кислородна поддршка се 25, на механичка вентилација е еден пациент.

Во ГОБ „8 септември“ примени се седум нови пациенти, а вкупно се хоспитализирани 26 пациенти. На респиратор се шест, a со потешка клиничка слика се уште осум лица.

Во болницата во Битола се хоспитализирани четворица пациенти, а на домашно лекување се следат уште 4четворица. Во болницата во Штип се хоспитализирани седум пациенти, а на домашно лекување се следат двајца. На инфективните одделенија во Велес, во Куманово, во Прилеп и во Охрид се хоспитализирани 40 пациенти, позитивни и сомнителни на ковид-19.

Дневен биланс Коронавирус Македонија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025
ФОКУС

ЈОРСМ: Две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ приведени за загрозување на животната средина и природата со отпад

ВЕСТИ October 27, 2025

Јавното обвинителство денеска соопшти дека се приведени и задржани две лица од раководството на ЈП…

Трамп до Путин: Нема да губам време

October 26, 2025

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025
ТИКЕР

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.