Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

24.ху:На Груевски му помогнале српските власти со знаење на унгарските

0
By Нова ТВ on November 15, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, November 15, 2018 09:43

Пребегувањето на поранешниот македонски премиер Никола Груевски во Унгарија и побараниот азил и денеска се една од главните темите во унгарските медиуми.

Владата на Унгарија потврди: Груевски поднесе барање за азил

Главните дилеми кои ги поставуваат се како Груевски влегол во Унгарија, дали се испочитувани законските процедури, кој му помага во Будимпешта и какви ќе бидат последиците за Владата на Виктор Орбан, со кого, како што наведуваат унгарските медиуми, Груевски имал блиски пријателски врски.

„24.ху“ пишува дека Груевски најверојатно влегол во Унгарија со возило од Србија, најверојатно со помош на српските власти. Тоа секако било и со знаење на унгарските погранични служби, бидејќи малку е веројатно дека некој од рангот на Груевски би можел незабележано да ја мине границата на која и од двете страни се распоредени силни погранични полициски сили. Малку е веројатно и дека Груевски дошол во Унгарија без претходно знаење на унгарските власти, наведува „24.ху“.

Нема информации каде е тој во моментов. Се знае дека дошол во Будимпешта во петокот и преспал во хотел со пет ѕвездички. Канцеларијата на Орбан  ги демантираше информациите дека тој се сретнал со поранешниот македонски премиер во неговата вила во Будимпешта.

Во врска со барањето политички азил, унгарските медиуми истакнуваат дека како лице кое доаѓа од земја која е оценета како безбедна, тој нема право да аплицира за азил во држава од ЕУ. Но, нагласуваат, за Груевски можеби се прави исклучок. Владата веќе потврди дека е почната процедурата во врска со неговото барање за азил. Нормално таа трае околу 60 дена, но во исклучителни случаи може да биде забрзана и до 15 дена. Законската процедура предвидува дека лицето кое бара азил додека трае одлучувањето треба да чека во транзитната зона. Унгарската Влада тоа го бара од сите бегалци кои доаѓаат на нејзина територија, но со Груевски тоа не е случај, забележува „24.ху“.

Во нормални околности, невозможно е македонски граѓанин кој бега од издржување затворска казна да добие азил во Унгарија. Македонија е безбедна земја со независен правен систем, а Груевски не се гони поради политички или религиозни причини,  и ако не стануваше збор за пријател на премиерот  Виктор Орбан, неговата апликација сигурно би била многу брзо одбиена. Останува да се види дали причините кои ги наведува дека добивал смртни закани и оти е цел на политички прогон ќе бидат доволни за унгарските власти да поверуваат дека тој би бил загрозен ако се врати во Македонија.

Експертот за азил Марта Падави за „хунгаритудеј.ху“ вели дека под нормални околности невозможно е македонски државјанин кој бега од издржување затворска казна и против кого не се води политички прогон, да добие азил во Унгарија, бидејќи доаѓа од земја која е оценета како безбедна.

Груевски со пребегувањето во Унгарија го става Орбан во незгодна ситуација. Унгарскиот премиер е пред избор дали ќе ги почитува европските правила или ќе го брани Груевски кон кого Москва искажуваше нескриени симпатии, наведуваат унгарските медиуми.

Во отсуство на официјални реакции, некои западни политичари на социјалните мрежи искажуваат став за пребегувањето на Груевски во Унгарија.

„Унгарија ги отвори своите врати за бегалци. Неверојатно…“, напиша на Твитер државниот секретар за европски прашања во Министерството за надворешни работи на Германија, Михаел Рот.

И европратеничката Џудит Саргентини прашува дали се променети унгарските правила за прифат на бегалци, бидејќи во случајот на Груевски не биле применети. Поранешниот македонски премиер, според неа, требало да поднесе барање за азил од транзит зоната во која престојуваат  бегалците, но како што наведува унгарските власти веројатно воспоставиле „Вип процедура“ за добивање азил.

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.