Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

24 мај – Денот на сесловенските просветители Кирил и Методиј

0
By Marija Todorovska on May 24, 2025 ТЕМА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, May 24, 2025 06:38

Денеска се одбележува 24 мај Ден на сесловенските просветители и учители или Ден на светите солунски браќа Кирил и Методиј.

Празникот е во чест на Св. Кирил и Св. Методиј, основачите на првата словенска азбука – глаголицата.

Во XI век Црквата го прогласила 24 мај (11 мај по стар стил) за ден на светите просветители Кирил и Методиј. Денот во Македонија првпат бил одбележан на 11 мај 1860 година во црквата Св. Богородица во Скопје.

Датумот е избран бидејќи го означува датумот кога започнала Моравската мисија.

Моравска мисија

Повод за Моравската мисија на Кирил и Методиј било писмото на моравскиот кнез Ростислав до византискиот цар Михаило III. Ростислав настојувал да ја осамостои и зацврсти својата држава, Моравија, на која и се заканувала опасност од германското свештенство. За да ја отстрани опасноста тој побарал проповедници кои ќе го шират Христовото учење на словенски јазик.

Кирил и Методиј ја прифатиле оваа задача, но наишле на многу проблеми, а еден од нив е немањето азбука на која би ги превелe најпотребните книги за богослужба. Константин помогнат од Методиј ја создал првата словенска азбука (855та година), глаголица која содржи 38 букви. Во глаголицата 24 букви биле по образец на грчката брзописна деловна азбука, а останатите 14 според гласовниот систем на словенскиот јазик.

Во 863 година пристигнале во Моравија каде отвориле голем број училишта и цркви во кои се ширела просветата на словенски јазик, а биле оспособени голем број нови учители. Латино-германското свештенство почнало да ги обвинува за ширење ерес, па затоа папата ги повикал во неговиот двор во Рим. На пат за Рим, Константин, Методиј и нивните ученици се задржале во Панонија каде ги поставиле темелите на словенската писменост и во оваа земја.

Пред да пристигнат во Рим кратко се задржале во Венеција каде Константин, кој бил познат како добар филозоф и оратор спорел со тријазичниците т.е. оние коишто се застапувале за ширење на Христовото учење само на грчки, еврејски и латински јазик. Константин ги разбил обвинувањата велејќи дека секој народ има право на свој јазик.

Кога пристигнале во Рим, Константин ги донел моштите на римскиот папа Климент кој бил маченички удавен во 100 година н.е. а кого подоцна Римската црква го прогласила за светец.

Во Рим во 869 година папата Адријан ги посветил словенските книги, што значи дека Римската Црква официјално ја признала словенската писменост.

Набргу по официјалното признание Кирил се разболел и умрел. По неговата смрт Методиј ја продолжил започнатата дејност, но бил постојано напаѓан и клеветен од германското свештенство и исцрпен од борбите со нив, од затворите и прогонствата умрел во 885 година.

Кирил и Методиј превеле повеќе црковни книги како Неделното евангелие наменето за читање во неделните и празничните денови, Службеникот – книга што содржи молитви и читања при разни служби, Требникот – книга со молитви и читања за различни случаи од животот на луѓето.

Методиј го превел Номоканонот што претставува зборник од правила и закони за црквата, Патерикот – зборник од кратки житија за разни црковни отци.

Во житието на Кирил се спомнува и како оригинален автор на различни стихотворби.

Кирил и Методиј врз основа на јазикот на македонските словени од околината на Солун го создале првиот литературен јазик за сите Словени познат како старословенски или црковно-словенски јазик, ја создале првата словенска азбука, глаголица, ги превеле првите книги на словенски јазик и преку ширењето на христијанското учење на словенски јазик ги поставиле темелите на словенската писменост и култура.

Во согласност со Законот за празници, 24 Мај – Денот на сесловенските просветители светите браќа Кирил и Методиј е државен празник и неработен ден за сите граѓани на Северна Македонија.

 

24 мај азбука Св. Кирил и Методиј
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.