Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

24 Октомври – ден на Обединетите Нации

0
By Нова ТВ on October 24, 2013 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, October 24, 2013 16:44

ОН денеска го одбележуваат својот ден, 24 октомври, во знак на сеќавање на усвојување на Повелбата на светската организација, која стапи во сила на денешен ден во 1945 година.

Повелбата беше ратификувана од поголемиот број тогашни земји-членки на ОН, меѓу кои и петте постојани: В. Британија, Кина, Русија, САД и Франција.

Обединетите Нации официјално постојат 68 години.

Денот на ОН се слави од 1948 година, а Генералното собрание на ОН во 1971 година им препорача на земјите-членки да го одбележуваат 24 октомври како празник на своите територии.

По повод 24 октомври, генералниот секретар на Светската организација Бан Ки-мун изјави дека „ОН придонесуваат за мирот и општиот развој“.

Тој посочи дека судирот во Сирија е најголем безбедносен предизвик за светот, додавајќи дека милиони луѓе зависат од хуманитарната помош на ОН.

– Експертите на ОН заедно со претставниците на Организацијата за забрана на хемиското оружје работат на уништување на резервите што ги поседува Сирија и ние се залагаме за дипломатско решение за да се стави крај на страдањето на луѓето, кое долго трае, наведе Бан ки Мун.

ОН при нивното формирање имаше 51 земја-членка, а денеска 193.

Покрај седиштето во Њујорк, Организацијата свои претставништва има и во Женева, во Виена и во Најроби.

Советот за безбедност, како највлијателно тело има 15 членки, од кои пет постојани – Кина, Франција, САД, Русија и Велика Британија и 10 ротирачки со двегодишен мандат кој секогаш почнува на 1 јануари.

Бан ки Мун за генерален секретар е избран на 1 јануари 2007 година, а во 2011 година е реизбран. Тој ќе раководи со Светскатра организација до крајот на 2016 година.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Од март се враќа задолжителниот воен рок во Србија

June 29, 2026

SpaceX тајно лансираше мистериозен „Starfall“ вселенски брод – нова технологија за брз транспорт и микрогравитација

June 27, 2026

Драма во кинескиот главен град – мал авион удри во највисокиот облакодер

June 26, 2026

Врховниот суд на САД му даде зелено светло на Трамп за депортација на

June 26, 2026

Грабнал автомобил под закана со нож и почнал да гази луѓе

June 25, 2026
shortcut
ФОКУС
June 29, 2026

Каракас: Мајка и нејзиното бебе старо 18 дена извлечени од урнатините

ВЕСТИ June 29, 2026

Мајка, која беше извлечена од урнатините на нејзиниот уништен дом со своето бебе старо…

Иранската револуционерна гарда ги нападна Бахреин и Кувајт како одговор на нападите на САД

June 28, 2026

САД започнаа нова воена операција против Иран

June 28, 2026

Родителите на загинатите во „Пулс“ со порака: Ќе се бориме до последен момент за вистината

June 28, 2026
ТИКЕР

Од март се враќа задолжителниот воен рок во Србија

June 29, 2026

SpaceX тајно лансираше мистериозен „Starfall“ вселенски брод – нова технологија за брз транспорт и микрогравитација

June 27, 2026

Драма во кинескиот главен град – мал авион удри во највисокиот облакодер

June 26, 2026

Врховниот суд на САД му даде зелено светло на Трамп за депортација на

June 26, 2026

Грабнал автомобил под закана со нож и почнал да гази луѓе

June 25, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.