Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

24 Вести: Одобрена екстрадиција за Грујевски и Бошковски

2
By Нова ТВ on January 5, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, January 5, 2018 10:39

Судот во Солун ја одобри екстрадицијата за поранешните началници на УБК, Горан Грујевски и Никола Бошковски, јавува репортерот на ТВ 24 од Солун.

Освен за екстрадицијата, Грујевски и Бошковски имаат уште два други процеси во Грција, независни еден од друг.

Според грчките медиуми кои се повикаа на извори од одбраната, на рочиштето и двајцата изјавиле дека не сакаат да бидат екстрадирани, бидејќи „се плашат за нивните животи“, дека „нема да добијат фер-судење во Македонија“ и дека ги негираат обвиненијата за кои се товарат, опишувајќи ги како нивен „политички прогон“, а како сведоци на последното рочиште искази дадоа нивниот адвокат во Македонија, Петар Василев и професорот Александар Даштевски.

Одлуката на Судот требаше да биде соопштена на 22. декември, но  беше одложена поради недостиг на судски преведувач од грчки на македонски јазик. Судот во согласност со европските конвенции за човекови права, според кои обвинетите треба да добијат превод на нивниот мајчин јазик, го прифати барањето на одбраната рочиштето да биде прекинато и закажано за 5. јануари.

Но, со цел да се пролонгира можната одлука за екстрадиција, Грујевски и Бошковски на 29 ноември доставиле барање за добивање политички азил во Грција. Со тоа, двајцата во Грција имаат три различни процеси: еден за екстрадиција, друг за фалсификуваните пасоши со кои беа уапсени на солунскиот аеродром и трет – за барањето за азил. По три одложувања, судењето во Солун за фалсификуваните пасоши е закажно за 17 мај.

Во меѓувреме, на поранешниот началник на Петтата управа на УБК, Горан Грујевски, скопскиот Кривичен суд му изрече затворска казна од една година и шест месеци за уништување на документи поврзани со прислушувањето. Тој, заедно со неговиот колега Бошкоски е обвинет и во предметот „Тврдина и таргет“ за незаконско прислушување на илјадници граѓани преку злоупотреба на системите за следење во МВР и за физичко уништување на дел од таа опрема.

Македонското МВР за нив распиша меѓународна потерница во јули минатата година, откако не ги пронајде во нивните домови за да ја спроведе наредбата на судот за мерка притвор за предметот „Тврдина и таргет“. Крај на нивното тримесечно бегство стави грчката полиција која на 18-ти ноември 2017 година ги уапси на аеродромот во Солун, при обид да заминат за Будимпешта со лажни бугарски пасоши на име Христо Атанасов и Неџми Хасан.

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.