Претседателот на САД, Доналд Трамп, објави царина од 25% за Индија почнувајќи од 1-ви август, критикувајќи го Њу Делхи за нејзиното купување на руска енергија и оружје за време на војната во Украина, пренесува Кијив Индипендент.
Критикувајќи ја Индија за нејзините „трговски бариери“, Трамп исто така рече дека земјата „отсекогаш купувала огромно мнозинство од својата воена опрема од Русија и е најголемиот купувач на енергија од Русија, заедно со Кина, во време кога сите сакаат Русија да ги запре убиствата во Украина“.
Затоа Индија ќе плаќа царина од 25%, плус казна за горенаведеното, почнувајќи од 1. август, напиша Трамп на платформаа Truth Social.