Направени се 953 тестови, а регистрирани се нови 266 случаи на КОВИД-19, информираат од Министерството за здравство. Сликата по градови изгледа вака: Скопје – 168, Куманово – 17, Битола – 14, Тетово – 12, Прилеп и Штип – по 9, Гостивар – 7, Кочани и Пробиштип – по 5, Кавадарци и Кичево – по 4, Струмица и Крива Паланка – по 3, Струга и Радовиш – по 2, Неготино и Ресен – по 1.
Од вкупниот број на позитивни во случајот 266, регистрирани се 64 реинфекции.
Во текот на изминатите 24 часа не е пријавено ниту едно починато лице. Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин нема регистрирано починато лице.
Бројот на активни случаи изнесува 1.273.