Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

27 април: Адвокатите бараа одложување на расправата-судот не дозволи

2
By Соња Петрушевска on August 22, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Во судот повеќе од еден час, адвокатите на обвинетите за насилствата во Собранието на 27 април приговараат дека Основното јавно обвинителство не ги доставило до нив сите докази.

Серијата приговори ја започна адвокатката на обвинетиот Митко Пешов која рече дека обвинителството не им ги дало сите „записници од сослушувањето сведоци“ кои се понудени како докази“ и побара одложување на расправата.

Судијката Добрила Кацарска го одби барањето расправата да биде прекината и побара ваквите недоразбирања со обвинителството да не одат преку судот, туку да се обидат да ги решат меѓу себе.

Обвинителката Вилма Русковска кажа дека може „се случила грешка“ но дека обвинителството е отворено и сите адвокати можат да дојдат во кое било време и да ги земат записниците, како што сториле други бранители.

Судијката Кацарска се согласи дека адвокатите треба да ги добојат сите докази и рече дека ,,никој нема да биде оштетен“.

По ова приговараа и адвокатите на Митко Чавков, Саша Дуковски и на Крсто Мукоски, Игор Кичеец кои исто така рекоа дека Обвинителството е должно да ги достави сите докази.

Адвокатот Љубен Арнаудов кој побара за обвинетите кои се во куќен притвор да има пауза за ручек, зашто денот им почнал уште во 6.30 часот кога тргнале од своите домови кон Скопје.

Обвинетиот Игор Југ на почетокот на судењето се изјасни дека не е Македонец, туку Хрват по националност , но не побара преведеувач на денешното судење.

Пред судот има неколку десетици граѓани, кои со транспаренти бараат правда за обвинетите и нивно ослободување.

Јавното обвинителство на Република Македонија, во март годинава објави дека е поднесен обвинителен акт против 30 лица, од кои 28 за терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста од чл.313 од Кривичниот законик, а две лица за помагање при вршење на истото кривично дело. Според ЈОРМ, со обвинителниот акт се опфатени три лица, припадници на структурите на Министерството за внатрешни работи, кои како овластени службени лица биле носители на „златна“ и „сребрена“ команда, како и лица кои биле учесници во друга група, како организатори на движењето „За заедничка Македонија“.

Основниот суд Скопје 1, на 28 јуни годинава, информираше дека првата главна расправа по предметот, поврзан со настаните од 27 април 2017 година во Собранието, е закажана за 22 август годинава во 10 часот, а за следниот период се закажани вкупно 37 термини за главна расправа, за што веќе се изготвуваат наредби за спровод за обвинетите кои се наоѓаат во куќен притвор како и покани за останатите странки во предметот.

Од обвинетите 11 лица се во притвор, 13 се во куќен притвор, а осуммина имаат мерки за претпазливост и гаранции. Нивната намера, според обвинителството, била да го загрозат уставниот поредок и да го спречат изборот на Талат Џафери за претседател на Собранието.

Според обвинението, Чавков како носител на „златна команда“, иако постојано добивал известувања дека во Собранието е загрозен животот на новинарите и на пратениците, со уште двајца носители на „сребрена команда“ не издале наредби за распоредување на дополнителни и специјални полициски сили за внатрешно и надворешно обезбедување на Собранието, не издале наредба за евакуација и им овозможиле на насилниците да влезат внатре. Чавков беше притворен, но со гаранција во вредност од 600.000 евра во недвижен имот тој беше пуштен да се брани од слобода.

Чавков на судење за 27 април

Братот на Василевски, кој работел како обезбедување на тогашниот премиер Никола Груевски, од Виена му се јавил на Нинџа и го известил да ја започне акцијата. Тој и уште неколкумина обвинети го мобилизирале членството од Скопје и други градови за насилен упад во Собранието.

Десетмина обвинети, пак, организирале поголема група на луѓе на кои им делеле маски качулки и заедно со нив се упатиле кон Собранието.

Организаторите на движењето „За заедничка Македонија“, Богдан Илиевски, Владо Јовановски, Борис Дамовски и Игор Дурловски се товарат дека ги повикале и повеле насобраните граѓани кон Собранието и со своите говори ја разгореле нетрпеливоста на насобраните граѓани. Тие сега се наоѓаат во куќен притвор, освен оперскиот пејач Дурловски.

27.април судење
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Бангладеш: Екс премиерката Хасина осудена на смрт поради брутално задушување на студентските протести

November 17, 2025

САД го продолжуваат рокот за продажба на странските средства на „Лукоил“

November 17, 2025

45 индиски аџии загинаа кога им се запали автобусот на пат од Мека за Медина

November 17, 2025

Туск: Експлозијата на железничката пруга Варшава – Лублин е саботажа

November 17, 2025

Рударска несреќа во Конго – загинаа 49 рудари

November 17, 2025
ФОКУС

Милано: Обвинителството во ја проширува истрагата „Сараево Сафари“

ВЕСТИ November 17, 2025

Обвинителството во Милано ја проширува истрагата за т.н. „Сараево Сафари“ – наводната организирана шема во…

Брисел: Албанија утре го отвора последниот кластер во преговорите со ЕУ

November 16, 2025

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

November 15, 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025
ТИКЕР

Бангладеш: Екс премиерката Хасина осудена на смрт поради брутално задушување на студентските протести

November 17, 2025

САД го продолжуваат рокот за продажба на странските средства на „Лукоил“

November 17, 2025

45 индиски аџии загинаа кога им се запали автобусот на пат од Мека за Медина

November 17, 2025

Туск: Експлозијата на железничката пруга Варшава – Лублин е саботажа

November 17, 2025

Рударска несреќа во Конго – загинаа 49 рудари

November 17, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.