Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Обвинение за 27 април: ОЈО потврди обид за убиство на Заев

21
By Соња Трајковска on March 27, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, March 27, 2018 13:48

Државниот јавен обвинител Љубомир Јовески соопшти дека ОЈО за гонење на организиран криминал и корупција до Кривичниот суд Скопје поднел обвинителен акт против 30 лица, од кои 28 се обвинети за терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста на РМ, а две лица за помагање при извршување на истото кривично дело.

Јовески рече дека обвинетите го загрозиле уставниот поредок и безбендост на РМ со акт на насилство и создале страв кај граѓаните. Јовески рече дека е уверен оти во текот на судската постапка ќе се докаже дека сите обвинети извршиле поврзании  усосгласени дејства.

Портпаролката на Јавното обвинителство Елизабета Недановска, образложувајќи го обвинителниот акт, рече дека во овој случај имало вкупно 35 обвинети. За 4 лица за кои ОЈО водело постапка, таа е прекината биејќи во моментов не се достапни на органите на прогонот, а постапката ќе продолжи по нивно пронаоѓање.

За едно лице, пратеничката Жаклина Пешевска, постапката е запрена, бидејќи не се обезбедени докази.

Како што рече Недановска, Обвинителството утврдило дека со намера да го загрозат уставниот поредок и да оневозможат да изберат претседавач и претседател на Собранието, предизбикале акт на насилство и го загрозиле животот на пратеници, новинари, службени лица, вработени во Собранието и предизвикале  и страв кај граѓаните.

Надлежниот обвинител обезбедил докази дека извршувале повеќе усогласени дејства за насилство, влегување и вршење насилство во Собранието, од различни позиции и во содејство и координација да се оневозможи понатамошно функционирање на парламентарното мнозинство и на Собранието на РМ.

Со обвинителниот акт се опфатени и три лица припадници на структурите во МВР кои како овластени лица биле носители на златна и сребрена команда. Како што објасни обвинителката, тие иако биле известувани дека животот на пратениците и на новинарите, на служебните лица и на вработените во Собранието им е загрозен животот, не издале наредби за ангажирање на специјалните п посебните сили за заштита и не издале наредба за евакуација на Собранието,  со што овозможиле да се вршат акти на насиство и непречено да се влезе во законодавниот дом и да се изврши насилниот акт.

Како што е наведено во обвинението, едно лице преку телефонски повик во 14.30 часот било известено да ја почне акцијата и заедно со други лица го организирале членствот на неколку организации, однапред знаејќи дека објектот на Собранието не е обезбеден изаштитетн од полициските сили. Овие 10 обвинети организирале поголема група луѓе и им донеле маски фантомки.  Во 18.58 часот се упатиле кон Собранието, каде веќе имало толпа народ кој протестирал, рече Недановска.

Во обвинението се опфатени и друг лица кои биле од здружението „За заедничка Македонија“. Овие 4 лица ги повикале и ги повеле граѓаните и со потпалувачки говори ги поттикнале граѓаните на насилство. Тие, со лицата со фантомки ја скокнале оградата и се упатиле кон Собранието и се обиделе со удрирање и со кршење да влезат во Собранието. Но првично не успеале во ова намера.

Недановска, објаснувајќи го обвинението рече дека, истовремено во објектот на ззаконодавниот дом била другата група на обвинети. Еден од обвинетите пратеници телефонски разговарал со едно од обвинетите лица кои биле пред вратата со што се утврдува координација. По ова сега обвинетите петмина пратенеци, со тројца други обвинети и службени лица од обезбедувањето на Собранието отвориле две врати и со тоа овозможиле да влезат внатре лицата со фантомки и на други лица. Обвинетите од обезбедување на Собранието ги насочувале лицата со фантомки да се движат кон собраниската сала „Македонија“ и кон прес салата.

Елизабета Недановска

Овие лица, како што рече Недановска, биле насочувани од уште две обвинети лица од обезбедувањето на Собранието и уште едно лице од Агенцијата за разузнавање.

Овие обвинети со други обвинети лица влегле во прес салата и почнале со фрлање на предмети кон пратениците и новиарите и физички ги нападнале и им нанеле лесни и тешки повреди на поголем број од присутните.

Во прес центарот додека траел нападот, едно од обвинетите лица ги насочувал кон пратеникот Зоран Заев, при што еден од обвинетите посегнал кон пиштол, но не испукал бидејќи пратеникот бил заштитен од друго лице.

Како што рече Недановска, притоа, обвинетите ги користеле сите предмети до кои дошле, за да им нанесат повреди на оштетените пратеници и новинари. исто така поставиле и две импровизирани експлозивни направи во законодавниот дом.

Двајца од обвинетите припадници на МВР кои се обвинети за помагање во извршување на ова дело одзеле два хард дискови за да ги прикријат трагите од насилниот упад во Собранието, се вели во обвинитилниот акт.

Исто така, истрагата утврдила дека во организирањето на настаните од 27 април во Собранието биле вклучени одреден број засега непознати лица за кои истражните дејства продолжуваат во ОЈО.

Недановска рече дека Обвинителството со подесување на обвинителниот акт поднеле и барање за продолжување на мерките притвор и домашен притвор.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.