Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

27 април: Дел од обвинетите ја кршат вратата кон прес центарот

0
By Нова ТВ on November 5, 2018 ПОЛИТИКА
Архива
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, November 5, 2018 15:42

Со прегледување на видео снимки од камерата број 16 во Собранието на РМ во ходникот што води од „Длаборез“ салата кон Прес-центарот почна денешното рочиште во Кривичниот суд за настаните од 27 април минатата година.

На снимката се гледа како во 18:45:00 часот насилно се отвора вратата во ходникот и се крши стаклото, по што прв поминува обвинетиот Никола Митревски со фантомка на глава, а по него и дел од другите обвинети. Тие во 18:53 часот се движат кон прес-салата.

Во 20:06:43 часот поголема група на припрадници на ЕБР со панцири и шлемови, а некои и со штитови се движат кон Прес-центарот, а во 20:08:02 часот натаму оди и пратеникот Никола Тодоров со четворица доктори. Подоцна доаѓа уште една група полицајци  и се упатува кон прес-салата. До 22:00:00 часот се гледаат полицајци како се движат кон и од Прес-центарот на Собранието.

Рочиштето продолжи со гледање видео снимки од камерата во Собранието што ги снима лифтот и скалите пред прес-салата. На снимките се гледат дел од обвинетите  со фантомки и без маски како се движат од и кон Прес-центарот, како и други луѓе кои се движат по скалите надолу или кон и од салата „Длаборез“. Меѓу нив има и лица кои ги насочуваат луѓето каде да се движат. Во еден момент се гледа како поголема група новинари со трчање се упатува од Прес-центарот по скалите кои водат кон излезот од Собранието на долниот кат. Подоцна на снимките се гледа обвинетиот Влатко Трајковски како со ПП апарат прска по луѓето кои си одат од пред Прес-центарот.

Во моментов судењето е на пауза до 15 часот кога ќе продолжи следењето на видео записот од камерата што го снима лифтот и скалите пред прес салата.

Денешното судење за 27 април почна со доценење од еден час поради присуството на дел од адвокатите на обвинетите на рочиштето за предметот на СЈО „Титаник“.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.