Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

27 април – Ноќта на долгите ножеви

0
By Zoran Ivanov on April 27, 2024 ИЗБОР
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, April 27, 2024 20:51

„Ноќта на долгите ножеви“ е назив за чистката во Германија за време на нацистичкото владеење една година по доаѓањето на Хитлер на власт во 1933 година. Чистката се спроведе од 30 јуни до 2 јули 1934 година, кога Хитлер ги активираше одредите за егзекуција во операцијата позната  како „Колибри“. Најмалку 85, а според некои извори дури и околу 500 луѓе беа убиени. Илјадници завршија в затвор со асистенција на единиците на злогласниот СС, Гестапо и тајната полиција.

По изборите во 2016 година, на 16 декември се одржа првото судско рочиште за обвинение од СЈО, во кое беше обвинет Никола Груевски за настаните пред Општина Центар во 2013 година.

На 19 декември, најавата на Груевски за „десоросоизација“ започна во форма на финансиски контроли на УЈП на дваесетина граѓански организации, a на 17 јануари 2017 година се формира здружението „Стоп операција Сорос“.

Претходно, на 7 јануари 2017, претставници на албанските политички партии во земјава, ДУИ, Алијанса за Албанците и Беса, во Тирана, Албанија, потпишаа заедничка платформа од седум точки. Тие се согласија на заедничко постигнување целосна рамноправност во согласност со Охридскиот договор и со Уставот, економска рамноправност, зајакнување на владеењето на правото, учество во напредокот на евроатлантскиот интегративен процес, создавање на духот на довербата за добри меѓуетнички односи заради политичка стабилност во земјата, решавање на спорот со името, добрососедски односи и брза интеграција во НАТО и ЕУ. „Тиранската“ платформа, како што ја нарекоа од ВМРО-ДПМНЕ, беше уште еден од изговорите кои оваа партија ги користеше за да ја обвини опозицијата за предавство, федерализација и промена на името на државата.

На 23 јануари СДСМ и ДУИ склучија договор за коалиција и избор на новата влада.

Игор Дурловски, Борис Дамовски и Богдан Илиевски, организаторите на националистичките протести под името „За заедничка Македонија“

Изговор за создавање на иницијативата „За заедничка Македонија“ беше револтот од одлуката на Зоран Заев, претседателот на СДСМ, да влезе во преговори за формирање влада со албанските партии без да ја отфрли платформата. Во телевизиско интервју за Сител, ден пред протестите на 26 февруари, Никола Груевски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ, го повика членството на улица со зборовите „сите оние кои планираат да седат дома и да гледаат телевизија верувајќи дека друг ќе им ја заврши работата за заштита на нивната држава, се во заблуда“.

Првиот протест се одржа на 27 февруари во Скопје пред Владата. Протести се одржаа низ повеќе градови и беа поддржани од повеќе јавни личности, меѓу кои оперскиот пејач и директор на МОБ Игор Дурловски, актерите Владо Јовановски, Васил Зафирчев, Ванчо Петрушевски и Гоце Тодоровски, ракометарите Кирил Лазаров и Индира Кастратовиќ, како и пијанистката и тогашната директорка на Агенцијата за иселеништво Елена Мисиркова Лоза.

Никола Груевски на 29 јануари не успеа да состави влада во уставно предвидениот рок од 20 дена по врачувањето на мандатот од Ѓорге Иванов, тогашниот претседател на државата, кој потоа одбиваше да му го врачи мандатот на претседателот на опозициската СДСМ, Зоран Заев.

На 1 март, претседателот на СДСМ, Заев, поднесе 67 пратенички потписи до Иванов за добивање мандат за состав на новата влада со СДСМ, ДУИ, Алијансата за Албанците и Беса.

КРВАВИОТ ЧЕТВРТОК

„Ноќта на долгите ножеви“ се случи на 27 април 2017, кога неколку стотини демонстранти од здружението „За заедничка Македонија“, го нападнаа Македонското собрание за да го спречат изборот на Талат Џафери за претседател на Собранието. По насилството што се случи таа ноќ во Собранието, 27 април го доби името „Крвавиот четврток“.

Додека течеше седницата за избор на Талат Џафери за претседател на Собранието, пред законодавниот дом се одржуваа протести на ова здружение.

По завршувањето на собраниската седница, во 18 часот со која претседаваше спикерот од претходниот парламентарен состав, Трајко Велјаноски, пратениците од новоформираното парламентарно мнозинство останаа во пленарната сала за да го изберат новиот собраниски претседател. Пратеникот Ферид Мухиќ, како најстар од присутните, претседаваше со седницата на која за свој заменик го именуваше пратеникот Горан Мисовски. Мисовски продолжи да ја води седницата и кратко по тоа Талат Џафери беше изгласан за нов претседател на Собранието на Република Македонија. За сето ова време и во моментот кога Џафери ја даваше свечената заклетва, пратениците од ВМРО-ДПМНЕ извикуваа дека ова е пуч.

Околу 19 часот, околу 300 лица кои учествуваа на протестите, го нападнаа Собранието. Дел од нив беа маскирани. Нив ги пропушти собраниското обезбедување, по што тие влегоа во салата за новинари каде во моментот течеше прес-конференцијата на новоизбраниот претседател на Собранието, Џафери. Насилниците физички ги нападнаа пратениците и новинарите. Во моментот на влегување на напаѓачите, во Собранието воопшто немаше полиција.

Дел од напаѓачите на Собранието се поздравија со пратениците од ВМРО-ДПМНЕ, а неколкумина од нив ѝ бакнаа рака на пратеничката Елизабета Канческа Милевска. Според безбедносните камери, вратите на Собранието ги отворија пратениците Крсто Мукоски и Сашо Василевски, а пратеникот Јохан Тарчуловски и личното обезбедување на Вељаноски ги упатија насилниците во салата во која се наоѓаа пратениците од СДСМ.

Со тешки телесни повреди се здобија Зијадин Села и Зоран Заев. Пратеникот Села по бруталниот напад падна во бесознание, а снимките од камерите во Собранието, кои први ги објави ЦИВИЛ Медиа, сведочеа за тоа како насилниците го влечеа по подот и го шутираа, во очигледна намера да го убијат. Села заврши во болница со скршеници и нагмечување на мозокот и во сериозна животна опасност. Зоран Заев, Оливер Спасовски, Љупчо Николовски, Дамјан Манчевски, Максим Димитриевски и Радмила Шекеринска беа со видливи телесни повреди и крв по лицата.

Полицијата реагираше дури три часа по упадот во Собранието, а тогашниот министер за внатрешни работи Агим Нухиу подоцна изјави дека директорот на БЈБ Митко Чавков намерно ја попречувал полициската интервенција, како и дека за време на нападот, Чавков два часа не бил достапен на телефон.

Пратениците беа евакуирани од Собранието околу полноќ, а полицијата со шок бомби ги растера демонстрантите и напаѓачите.

Ноќта, 70 граѓани, 22 полицајци и тројца пратеници побарале лекарска помош во болниците во Скопје.

Тогашниот претседател Иванов во своето обраќање доцна ноќта ги повика претседателите на сите парламентарни партии на средба во неговиот кабинет, но не го осуди нападот. Заев и Ахмети ја одбија поканата посочувајќи го Иванов како една од причините за кризата. Линк

Д. Т. и М. И

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Србија по изборниот пресврт: Почнува ли расплетот во полицискиот и безбедносниот врв?

November 1, 2026

Украинската амбасадорка Лариса Дир се сретна со епископот Партениј: Благодарност за сочувството со украинскиот народ

October 31, 2026

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

Избори во Израел: Израел: Нетанјаху останува без мнозинство, истрага за можно странско мешање

October 29, 2026

Девет работи што новата влада на Србија не смее да ги направи – поуки од Северна Македонија

October 28, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Србија по изборниот пресврт: Почнува ли расплетот во полицискиот и безбедносниот врв?

November 1, 2026

Украинската амбасадорка Лариса Дир се сретна со епископот Партениј: Благодарност за сочувството со украинскиот народ

October 31, 2026

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

Избори во Израел: Израел: Нетанјаху останува без мнозинство, истрага за можно странско мешање

October 29, 2026

Девет работи што новата влада на Србија не смее да ги направи – поуки од Северна Македонија

October 28, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.