Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

3,4 милиони евра поддршка од германската влада за 29 фирми – членки на Комората за дуалниот модел на образование

0
By НОВА ТВ Balaban on January 29, 2022 ЕКОНОМИЈА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

29 фирми – членки на Стопанската комора на Северна Македонија,преку Коморскиот инвестициски форум, во кој ко-претседатвач е претседателот Бранко Азески, ќе добијат грант од околу 3,4 милиони евра со што ќе го продолжат дуалниот модел на образование со 7 стручни училишта и 1 факултет, зафинансирањенаинвестициивоопремаиинфраструктуразавоведувањенадуалнотообразованиеиреализацијанапрактичнатаобука, со цел поголема вработливост на младите и обезбедување обучени,  квалификуван кадар подготвен за работните процеси.

Комората е свесна дека на ваков начин компаниите создаваат потенцијал за вработување квалификуван кадар, обучен за технологијата, машините и опремата што ги поседуваат и кој знае да ракува со нив. Тоа им овозможува да ги планираат идните инвестиции знаејќи дека имаат потенцијален кадар кој знае како да работи, а со тоа ги намалуваат и трошоците за дополнителна обука за нововработениот кадар.

 

Со тоа заложбата и напорите што ги прави Стопанската комора на Северна Македонија за воведување на дуалното образование како најефикасен модел за подготовка на соодветен стручен кадар според потребите на компаниите и реализација на практичната обука на учениците и студентите во компаниите станува реалност, а финансиската поддршка овозможи повеќе компании да се вклучат во практичната обука и дуалното образование.

Средствата за грантот се обезбедени од германското Федерално министерство за економска соработка и развој, а се реализираат преку Германската развојна банка (KfW) и Регионалниот фонд за предизвици како уникатен инструмент за финансирањe.

 

 

 

 

 

 

 

 

Фондот се спроведува преку Коморскиот инвестициски форум на 6-те земјите на Западен Балкан, кој претставува значајна институција за економската регионална соработка, унапредување на бизнис климата во економиите на Западен Балкан, создавање на заеднички пазар, заеднички извоз и унапредување на конкурентноста во регионот, чија членка е и Стопанската комора на Северна Македонија.

Регионалниот фонд располага со 20 милиони евра во форма на грантови за сите 6 земји. Секој еден грант поддржува од 150.000 до 600.000 евра, средства инвестирани во инфраструктура и набавка на машини и опрема, како и изградба или реновирање на работилници и лаборатории во стручните училишта за реализација на практичната обука. Средствата ги добија конзорциуми составени од едно средно училишта и 2 или повеќе компании кои аплицираа на првиот повик со образовни програми за одредени квалификации според потребите на компаниите.

На првиот повик учествуваа вкупно 207 апликанти од 6-те земји на Западен Балкан, а од нив 37 конзорциуми се предложени за финансирање. Од нашата земја учествуваа вкупно 30 апликанти, а од нив 8 конзорциуми со своите проекти се предложени за финансирање со приближно 3,4 милиони евра.

 

 

29 фирми германската влада дуалниот модел образование Стопанската комора на Северна Македонија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Загинаа сите патници по падот на авионот на кениската компанијата „Момбаса Ер Сафари“

October 28, 2025

October 28, 2025

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025
ФОКУС

ЈОРСМ: Две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ приведени за загрозување на животната средина и природата со отпад

ВЕСТИ October 27, 2025

Јавното обвинителство денеска соопшти дека се приведени и задржани две лица од раководството на ЈП…

Трамп до Путин: Нема да губам време

October 26, 2025

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025
ТИКЕР

Загинаа сите патници по падот на авионот на кениската компанијата „Момбаса Ер Сафари“

October 28, 2025

October 28, 2025

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.