Published: Tuesday, September 20, 2016 09:19
Црвениот крст соопшти дека вчера на 3.515 семејства зафатени од поплавите им била префрлена финансиска помош, врз основа на добиените финални списоци од надлежните институции со податоци на лицата погодени од катастрофата.
Според проценките, секое семејство ќе добие по околу 250 евра.
„Преостанато е вршење на трансфер на уште 194 семејства чии податоци дадени во нотарските изјави имаат одредени недостатоци па по добивањето на коригирани податоци веднаш ќе бидат префрлени и овие средства до крајните корисници, се наведува во соопштението.
Вчера Собранието изгласа ребаланс на буџетот според кој за настраданите од поплавите ќе бидат издвоени 35 милиони евра.




