По повод муслиманскиот празник Курбан Бајрам, општина Гази Баба во соработка со општествено одговорни луѓе и компании вчера и денес реализира голема хуманитарна акција во рамки на која се поделуваат 300 хуманитарни пакети со храна на семејства од муслиманска вероисповед.
Со оваа акција, општината ја продолжува традицијата кога за Велигден беа поделени 200 хуманитарни оброци а за време на Новогодишните празници  500 хуманитарни пакети. 
Гази Баба е мултиетничка општина во која сложно живеат македонци, албанци, турци, роми, власи, бошњаци и сите останати, хуманоста е наша одлика и така ќе продолжиме и во иднина, се наведува во објавата на социјалните мрежи.