Published: Thursday, October 17, 2013 11:23
Од денеска започнува вакцинирањето против сезонски грип во центрите за јавно здравје низ државата, како и во овластени приватни здравствени установи, вакцината е незадолжителна по избор на граѓанинот и се наплаќа по 400 денари.
За годинава се набавени околу 30 илјади дози тритипна вакцина, производство на реномираната фармацевтска компанија „Глаксо Смит Клајн” од Белгија, од кои најголем дел се наменети за центрите за јавно здравје, а помал дел за приватни здравствени установи, овластени за вакцинација против грип.
Вакцините се безбедни, со врвен квалитет, согласно препораките на Светската здравствена организација и се испитани и одобрени од Бирото за лекови при Министерството за здравство.




