Во наредните четири години Македонија ќе може да користи 400 милиони долари од Светска банка за постигнувње повисок и поинклузивен раст, кој ќе се претвори во работни места и зголемен приход за сите сегменти во општеството.
Ова е предвидено со новата Стратегија за партнерство со Македонија за период 2015 -2018 година, а која беше разгледана од Бордот на директори на Банката вчера.
„Новата Стратегија се должи на силното партнерство помеѓу Македонија и Групацијата Светска банка, која дава цврста поддршка на земјата во нејзиниот развој и аспирација за пристап во Европската унија“, се наведува во соопштението од Светска банка.
Зависно од условите на пазарот, бројката од 400 милиони долари може да биде дополнета со 80 до 100 милиони долари финансирање за четири години од Меѓународната Финансиска Корпорација (ИФЦ) и гаранции од Мултилатералната агенција за гаранција на инвестициите.