Две мензи се затворени во фабриката „Кромберг и Шуберт“ во Битола заради сомнителни случаи за труење со храна кај вкупно 41 вработен.
Земени се мостри од храна, брисеви од работни површини, брисеви од перосналот и испратени на анализи, вели директорката на Државниот санитаран и здравствен инпекторат за Тера Телевизија.
Директорката за Државниот санитарен и здравствен инспекторат д-р Иринка Сотирова- Бухова рече дека е затворена првата менза заради дојава од Центарот за јавно здравје во Битола, за вработени кои побарале здравствена помош заради симптоми сомнителни за труење со храна.
До сега биле пријавени 30 вработени лица кои се хранеле во таа менза. Денеска, Сотирова- Бухова рече дека по истиот протокол затворена е и втората менза, заради пријавени 11 вработени со исти симптоми, кои се хранеле во втората менза.