Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Моделот за дигитална регулатива на ЕУ е пример кој светот треба да го следи

0
By Zoran Ivanov on October 5, 2024 ТЕМА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, October 5, 2024 16:50

Останува предизвик да се убедат платформите да го применат овој пристап на глобално ниво надвор од самата ЕУ, бидејќи другите земји во европското непосредно соседство лежат надвор од регулаторните граници. Ова ги вклучува не само земјите од Западен Балкан, туку и од Источна Европа, каде многу земји кандидати кои сакаат да се приклучат на европскиот блок не се под заедничкиот регулаторен систем на ЕУ.

Павел Хавличек

Една од најважните расправи денес е како најдобро да се бориме против дезинформациите во информативниот простор и кои алатки да се користат за да се ограничи нивното ширење, бидејќи ова е нешто што често предизвикува (морална) паника за манипулација во брзо променливиот јавен простор, вклучувајќи го и онлајн доменот, презаситен со информации.

Значаен дел од дебатата е поврзан со платформите на социјалните медиуми бидејќи тие во денешно време служат како суштинско место на социјални интеракции и размена на мислења меѓу нивните корисници и учесниците на јавната расправа, што во голем дел се има преместено онлајн на домени како Фејсбук, Твитер, Инстаграм, Јутуб или Тикток и други апликации.

Додека овие платформи имаат корист од вниманието на милијарди корисници, го имаат комерцијализирано нивното онлајн присуство и вниманието посветено на онлајн производите, вклучувајќи и врз основа на моделот на рекламирање, тие во голема мера ги имаат потценето безбедносните закани, странските малигни операции, често спроведени од страна на ботови и тролови,  како и проблемот со радикализација што се има проширено во нивните екосистеми, и покрај тоа што се јасно против нивните сопствени правила на заедницата.

Највидливо беше кога Европската комисија го воведе својот Кодекс на практики против дезинформации во декември 2018 година, што требаше да ги мотивира платформите да инвестираат во интегритетот на сопствените услуги и заштитата на крајниот корисник, како и нивните права. Меѓутоа, оваа политика беше реализирана врз основа на принципот на саморегулација што требаше да се спроведе и во исто време да се оцени од самите актери на социјалните медиуми без непосредно вклучување на европските регулатори.

Очекувано, резултатите беа повеќе од мешани, што ја натера Европската комисија да го измени својот пристап и да спроведе многу построг вид на регулатива која ги принуди платформите да спроведат нов сет на правила и да ги пријавуваат резултатите од нивните активности до Европската комисија со закон, таканаречениот Закон за дигитални услуги (ЗДУ).

Улогата на ЗДУ

Врз основа на претходното искуство и недостатокот на ангажман од страна на платформите за социјални медиуми по 2018 година, ЗДУ спроведе неколку клучни принципи кои треба да осигурат дека ширењето на дезинформации и незаконски содржини на интернет повторно ќе биде под построга контрола на ЕУ.

Еден од нив беше транспарентноста која треба да се погрижи самите корисници на платформите за социјални медиуми да станат посвесни за нивните права и можности, вклучително и кога пријавуваат незаконски и законски, но штетни (дезинформациски) содржини на интернет. Транспарентноста, исто така, треба да помогне да се отвори внатрешниот живот во платформите на социјалните медиуми во форма на алгоритми кои утврдуваат кој што гледа во секое време, без корисниците често да разберат зошто и како тоа се случува. Конечно, принципот на транспарентност треба и да осигура дека платформите известуваат за високи ризици и овозможуваат надворешни ревизии.

Друго клучно прашање е зајакнувањето на корисниците и осигурување дека не е платформата, туку европските правила и норми кои преовладуваат над нивното сопствено толкување на правилата и регулативите. Со пресвртот и спроведувањето на волјата на ЕУ во однос на заедничкиот европски дигитален простор, платформите сега треба да го почитуваат правото на жалба до независен арбитер и конечно, исто така, волјата на националните судови во однос на нивните пресуди кои одредуваат дали ова или она треба да се случи на интернет. Што ова значеше во пракса е, на пример, тоа дека ако Доналд Трамп беше „де-платформиран“ во јули 2024 година во дигиталниот простор на ЕУ, тој би имал право да се жали на одлуката и да побара независна власт и конечно и националниот и/или судовите на ЕУ да одлучат за неговото присуство на социјалните медиуми. Ова правило сега се однесува на сите корисници, без разлика дали се индивидуални или комерцијални.

Конечно, сопствениот Кодекс на практики против дезинформации на ЕУ, првично усвоен во декември 2018 година и неколкупати изменет оттогаш, стана златен стандард кога се работи за пристапот до дезинформации и други облици на проблематична содржина на интернет. Ова, на пример – знаи дека платформите треба да ги деприоритизираат и демонетизираат проблематичните содржини и всушност да одат против нивниот првичен модел на приходи заснован на ширењето на поларизирачки, а со тоа и многу често високо трендовски содржини.

Во многу од овие случаи новиот европски пристап кон таканаречените Многу големи медиумски платформи и други онлајн актери е револуционерен и го заслужува нашето внимание. Истовремено, исто така, покажува дека самите платформи не биле мотивирани и не сакале да сторат премногу за да се спротивстават на дезинформациите на интернет. Сега, ова се менува и треба правилно да ги искористиме сите овие нови можности на ниво на ЕУ, национално и индивидуално ниво.

Предизвици кои се очекуваат

Во исто време, останува предизвик да се убедат платформите да го применат овој пристап на глобално ниво надвор од самата ЕУ, бидејќи другите земји во европското непосредно соседство лежат надвор од регулаторните граници. Ова ги вклучува не само земјите од Западен Балкан, туку и од Источна Европа, каде многу земји кандидати кои сакаат да се приклучат на европскиот блок не се под заедничкиот регулаторен систем на ЕУ.

Напротив, Европската комисија која ги надгледува комуникациите и преговорите со претставниците на платформата треба да ги убеди многу големите онлајн платформи да ги применуваат нивните правила поопшто ширум светот и на овој начин да го повтори искуството на Општата регулатива за заштита на податоци, Европската директива за заштита на лични информации, што стана успешен пример на европска нормативна моќ во светот.

Конечно, моделот на регулатива на ЕУ останува отворен и претставува можност за европските партнери да го следат примерот и да применат сличен вид на регулатива во нивните национални законодавни системи, како што е видливо во примерот на Обединетото Кралство, кое одлучи да направи свое дигитално законодавство во голем дел компатибилно и со она на ЕУ.

Извор: ЦивилМедиа.мк

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.