Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Среќна Нова година

0
By Zoran Ivanov on December 31, 2024 ИЗБОР
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, December 31, 2024 18:20

Во сопствената држава не така ретко станувавме заморчиња на амбициозни ликови со крајно лимитирачки капацитети, а сè во име и за „народното добро“. Затоа, како народ имаме суверено право на надоаѓачката 2025 година да ѝ доставиме краток список на желби, кој би се состоел од мир, правда, просперитет во вистинска смисла на зборот.

Мирослав Јовановиќ

Би ја замолил новата 2025 година да го сочува кодот, битието на нашиот народ со сите маани и доблести, и да ни даде шанса да ѝ покажеме дека сепак можеме подобро во секој поглед.

На крајот на секоја календарска година и нејзината ретроспектива, предновогодишно започнува периодот на празни фрази што во себе содржат пословичен оптимизам за подобро утре во секоја смисла, најдобри желби за ова и она, добро здравје итн. Стануваме внимателни во употребата на зборови, упатуваме и примаме честитки, негуваме љубезност кон оној на кого му се обраќаме. Како затегната пушка сме спремни да се фатиме во костец со наредната, 2025 година, а на старата не ѝ фаќаме кусур, простувајќи ѝ ги сите општествени и лични гафови, неправди, а со цел да продолжиме да се движиме низ животот без непотребен товар во вид на горчливи сеќавања.

На ова мало парче земја наречено Македонија живее навистина посебен народ. На каков било ритам и музика – за неколку секунди веќе подрипнува со насмевка, скромен во своите барања од животот, народ што знае од неколку состојки да направи царска гозба, а за кој било патник намерник е спремен во сол да се претвори, само да може искрено да помогне. Кроток, толерантен, мирољубив. Малку ли е? Имаме мал милион причини да бидеме горди на себе, како што пишуваше Гане Тодоровски: „Малцичка сме ли ете па што, малцичка божем, а веќе со векови по стопати по севезден нè пребројуваат, но ние сме како што сте, како што се, и покрај сè и покрај сè колку сме, толку сме, токму сме!“.

Сите досегашни власти, без исклучок, се обидуваа (секоја на свој начин) да му го наметнат „своето“ на народецот наш, не водејќи сметка за народниот интерес и последиците од разноразните економско-политичко-општествени игранки. Во сопствената држава не така ретко станувавме заморчиња на амбициозни ликови со крајно лимитирачки капацитети, а сè во име и за „народното добро“. Затоа, како народ имаме суверено право на надоаѓачката 2025 година да ѝ доставиме краток список на желби, кој би се состоел од мир, правда, просперитет во вистинска смисла на зборот. На политичарите и јавните личности – новата 2025 година да им го даде или врати чувството на срам (ако некаде попат го загубиле) и да не им ја одземе способноста да поцрвенеат. Тоа е здраво, и за нив и за нас.

Би ја замолил новата 2025 година да го сочува кодот, битието на нашиот народ со сите маани и доблести, и да ни даде шанса да ѝ покажеме дека сепак можеме подобро во секој поглед. Ја подигам оваа чаша за годинава што изминува – да ја испратиме со ритам од 9/8, проследен со насмевка, желби за добро здравје, бериќет, верба, надеж и љубов. На здравје! Јен` два, јен` два, јен` два, јен`, два, три…

Текстот е сопственост на Слободен печат.мк

миро јовановиќ среќна нг
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Прва оставка во бугарската влада

May 12, 2026

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026
shortcut
ФОКУС
May 13, 2026

Иран постави пет услови за нови разговори со САД

ВЕСТИ May 13, 2026

Иран нема да влезе во втората рунда преговори со САД додека не се исполнат пет…

ЕУ сепак ќе разговара со Путин – се бара посредник засега меѓу Меркел и Макрон

May 11, 2026

Техеран: Иран го отфрли планот на САД – цените на нафтата веднаш скокнаа

May 11, 2026

Скопје: Наша Европа. Посилни заедно – 9-ти мај ден на Европа

May 9, 2026
ТИКЕР

Прва оставка во бугарската влада

May 12, 2026

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.