Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

44. издание ИФФК „Браќа Манаки“: 400 гости и 79 извонредни филмови

0
By Ана Василевска on September 21, 2023 ВЕСТИ, КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

На денешната прес конференција на 44. ИФФК „Браќа Манаки“ која се одржа во Офицерскиот дом во Битола беа презентирани детали за годинешната програма на Фестивалот, но и офф програмата.

-Еве со оваа прес конференција, прва во Битола, фестивалот си дојде дома, тој си припаѓа на Битола, тука ќе остане и ова е негов вистински дом како што бил дома на браќата Манаки.

44. издание на „Браќа Манаки“ навистина е голем. Првата година имавме 150 гости, 20 филмови, двајца добитници и скромен буџет, го организиравме во време на пандемијата. Наредната година имавме 250 гости, 65 филмови и 37 ноќни забави, а годинава имаме меѓу 350 и 400 гости од кои околу 160 се странски гости, тоа е огромна бројка и 50 VIP, имаме 79 филмови во кино сали и проекции на отворено. Имаме извонредни филмови во главната селекција од Кан, Берлин, Венеција, Карлови Вари, Сан Себастијан. Тоа се филмови во кои знаењето и умешноста на кинематограферите доминираат, имаме во оваа селекција врвни кинематографери кои работат во врвни режисери, рече директорот на Фестивалот Симеон Мони Дамевски.

Директорот информираше дека има македонски филмови за отворање и затворање на Фестивалот, а ги претстави и останатите програми од кратката селекција, документарните филмови, студентските филмови, како и филмовите кои публиката ќе може да ги погледне на отворено од своите автомобили.

-На Фестивалот ќе се одржи тркалезна маса на шест исклучителни жени кинематограферки кои ќе проговорат за предизвиците во професијата, Балканска конференција на кинематографери од која ќе произлезе Манифест, потоа сите кино-прикажувачи ќе потпишат Меморандум за да се рашири кино-мрежата во Македонија и да се врати публиката во кината, следува проектот „Наследниците на Манаки“, каде најмалите се внесуваат во светот на филмот, снимаат филмови и ги прават првите чекори во оваа сфера. Годинава и амбасадите на Германија, Франција и Италија организираат вечери на нивната култура поврзани со филмовите кои ќе бидат прикажани на Фестивалот и авторите кои ќе бидат наши гости, подвлече Дамевски.

Содржините на офф-програмата почнуваат еден ден порано од официјалното отворање на Фестивалот со Филмско кабаре, а нив ги претстави Маја Ангеловска која е координатор на програмата.

Под мотото „На Кино, па Олабај со Манаки офф“ ќе може да се проследат настаните: Наследниците на Манаки/ Филмско патување низ филмовите на Манаки ǀ филмска работилница ǀ со режисерката Марија Џиџева,  разговор со Румена Бужаровска; модератор Ана Василева,  Aудио презентација ǀ музика за филм во слушачки агол, изложба на фотографии од „Крај Вардарот сесии“ Божиновски часовници и накит и Аудиокултура во Теохаров аудио агол, Аудио презентација ǀ референтен звук во слушачки агол, Филмско кабаре – официјално отворање на програмата,  Друштвени игри од Гоблин ǀ со Иво Бару,  Мани кадро со Браќата ǀ фото агол, фото изложба „Со Љубов од Битола“ ǀ Центар за европски развој и интеграции – Битола, Проекција на документарниот филм „Манаки“ во продукција на ОХО, Феминистичко Stand up попладне со Софија Ристевска Петрушева и Никола Пројчевски, TIME.SOUND.VISION–Заедничка презентација на Божиновски часовници и накит и Аудиокултура на Теохаров аудио систем,  Премиерна аудио презентација на новиот винил „Крај Вардарот сесии во Аудиокултура “, Промоција на плочите „THE BACK OF BEYOND“ на Кокан Димушевски и „ГРИЖА НА СОВЕСТА“ на бендот Паркети. Промотор Тошо Филиповски, Промоција на збирка поезија „Филмски песни“. Автор: Дејан Трајкоски. И музика: Браснислав Николов и Гоце Јованоски, Јазична меморија – Изложба на визуелен приказ на македонски зборови автор: Сташа Божиновска и многу други, информираше Ангеловска.

Годинава, КЦ Магаза се претвора во основна точка за комуникација помеѓу битолчани и Фестивалот „Браќа Манаки“.
 44. издание на ИФФК „Браќа Манаки“ ќе се одржи од 23 до 29 септември во Битола.
Битола иффк браќа манаки Мони Дамевски
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
ФОКУС

Брисел: Албанија утре го отвора последниот кластер во преговорите со ЕУ

ВЕСТИ November 16, 2025

Утре во Брисел ќе се одржи 7-та меѓувладина конференција, за пристапување на Албанија во Европската…

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

November 15, 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.