Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

50 000 хронични болни не ги добија заштитните маски што им ги вети Филипче

0
By Менче Атанасова Точи on January 22, 2019 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Нема заштитни маски против загадениот воздух за околу 50.000 хронично болни иако пред повеќе од месец и половина, на почетокот на декември министерот за здравство Венко Филипче од говорницата на Владата најави дека најризичните, хронично болни ќе добијат бесплатни заштитни маски, како една од формите за заштита.

НОВА не доби никаков одговор од Министерството за здравство што е со заштитните маски кои ги вети Филипче, дали е распишан тендер за набавка  и зошто хронично болните и децата досега не ги добија ветените заштитни маски.

Филипче на прес конференција во Владата тогаш најави дека се прават пресметки колкав е бројот на деца на кои ќе им требаат заштитни маски.

„Извлековме податоци дека имаме 43.000 хронично болни, а бројката на деца за кои се потребни маски се уште се утврдува и бараме начин како да им ги поделиме маските. Со Министерството за животна средина веќе утврдивме дека маските не го решаваат проблемот, но сепак се некаква форма на заштита“, рече  министерот Филипче.

Тој тогаш најави дека ќе настојуваат што побргу да се најде решение и да им се поделат маските на хронично болните и на децата.

Три дена подоцна во ек на енормното загадување Филипче излезе со нови мерки против аерозагадувањето. Тој на граѓаните им препорача да не излегуваат од дома и да јадат повеќе овошје и зеленчук.

„Не излегувајте надвор од дома кога е загадено, јадете овошје и зеленчук.Освен препораки Министерството не може друго да направи ништо друго, рече тогаш  министерот Филипче.

Во последните денови како што објави НОВА, поради енормното загадување на воздухот болниците се преполни со пациенти, најчесто хронично болни со компликации кои  страдаат од астма и хронични белодробни заболувања, како и деца со респираторни заболувања и пнеумонии.

Поради загадувањето беше продолжен зимскиот распуст за учениците за два дена, а од утре се укинуваат и мерките и препораките за алармирање за прагот на загадувањето бидејќи концентрациите на ПМ10 честички паднаа под утврдениот праг на алармирање на 200 микрограми, иако загадувањето на воздухот и денеска е над дозволеното.

 

 

 

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025
ФОКУС

ЈОРСМ: Две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ приведени за загрозување на животната средина и природата со отпад

ВЕСТИ October 27, 2025

Јавното обвинителство денеска соопшти дека се приведени и задржани две лица од раководството на ЈП…

Трамп до Путин: Нема да губам време

October 26, 2025

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025
ТИКЕР

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.