Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Се укинуваат мерките со препораки против загадувањето

0
By Нова ТВ on January 22, 2019 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, January 22, 2019 12:17

Владата денеска соопшти дека мерките и препораките за алармирање за прагот на загадувањето од утре се укинуваат, бидејќи концентрациите на ПМ10 честички паднаа под утврдениот праг на алармирање на 200 микрограграми, иако загадувањето на воздухот и денеска е над дозволеното.

Последните мерења на мерните станици на Министерството за животна средина и просторно планирање покажуваат концентрации на ПМ 10 честички од 84 во Центар, 97 во Карпош, 131 кај Ректорат, 120 во Миладиновци и 70 во Бутел.

Од вчера освен кај Ректорат каде се регистрирани концентрации над 200 микрограми, секаде се под оваа граница но се сепак над дозволените 50 микрограми.

Среднодневната гранична вредност денеска се движи од 106  микрограми на метар кубен во Центар, 102 во Карпош, 151 кај Ректорат, 98 во Миладиновци, 103 во Бутел, а највисока во Македонија е во Струмица 199 микрограми.

Мерките за заштита од загадувањето беа воведени од страна на Владата во неделата, а се применуваа вчера и денеска. Денеска се очекува да бидат укинати, бидејќи загадувањето е под прагот на алармирање од 200 микрограми.

Меѓу мерките се ослободување од работни обврски бремени жени, лицата постари од 60 години, како и лицата со хронична астма, прележан миокарден инфаркт или мозочен удар, без разлика на возраста, со препорака на матичен лекар, реорганизирање на работното време и лицата кои работат на отворено да работат од 11 до 17 часот, да не се организираат спортски натпревари и други културни манифестации на отворено и да обезбедат услови за зголемени активности на службите за итна медицинска помош, домашна посета и патронажна служба, намалена употреба на службените возила и ограничување на работата на градежни објектi.

Два дена во Скопје согласно препораките на Град Скопје е воведен бесплатен јавен превоз, а загадувањето го одложи и почетокот на второтo полугодие за два дена.

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Погледнете ги барем само студентите од Србија

October 24, 2026

Од летечки бомби до интелигентни машини: Смртоносната еволуција на дроновите

October 24, 2026

Србија пред избори: Неизвесна трка, високи тензии, инциденти, анкети со различни резултати

October 24, 2026

Изборен молк во Србија: Тензична атмосфера пред гласањето в недела

October 23, 2026

Кои се 10-те најмоќни економии во светот во 2026 година?

October 23, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Погледнете ги барем само студентите од Србија

October 24, 2026

Од летечки бомби до интелигентни машини: Смртоносната еволуција на дроновите

October 24, 2026

Србија пред избори: Неизвесна трка, високи тензии, инциденти, анкети со различни резултати

October 24, 2026

Изборен молк во Србија: Тензична атмосфера пред гласањето в недела

October 23, 2026

Кои се 10-те најмоќни економии во светот во 2026 година?

October 23, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.