На југот од Бугарија и патиштата околу Бургас, во тек е евакуација на луѓе од околу 500 автомобили и автобуси, кои не можат да се движат заради снежното невреме.
Автомобилите се заглавени во снег на автопатот „Тракија“.
Досега се извлечени десетици луѓе, меѓу кои има и мајки со деца, како и една бремена жена кои се сместени во градинки во Аитос и во Бургас. Некои луѓе не сакале да ги напуштат своите возила. Многу од евакуираните се сместени во хотели, во згради на противпожарната служба, во градинките.
До застојот дошло откако во верижен судар учествувале 35 автомобили и еден камион кои го блокирале патот.
Гувернерот на Бургас, Вулчо Чолаков, прогласи вонредна состојба во тој регион.