Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

56 години од земјотресот во Скопје

0
By Нова ТВ on July 26, 2019 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, July 26, 2019 09:58

Пред 56 години на овој ден, 26-ти јули 1963-тата година, утрото во пет часот и 17 минути Скопје го погоди катастрофален земјотерес со интензитет од девет степени според Меркалиевата скала. Во урнатините животот го загубија 1.100 лица, 3.000 беа повредени, а 200.000 останаа без покрив над главата.

Скопје е разурнато и делува страотно, се вели во еден од првите новински извештаи објавени во странските медиуми. Дента веднаш по несреќата се мобилизираа сите републики и покраини од тогашната СФРЈ.

„Заедно со сите народи на Југославија ќе настојуваме да ги ублажиме последиците од несреќата која му се случи на Скопје“, изјави тогашниот претседател на СФРЈ Јосип Броз Тито.

Солидарноста која со Скопје и Македонија ја споделија југословенските народи брзо премина во глобална.

35 земји – членки на ООН покренаа иницијатива за помош на Скопје. На неа се одзваа 78 држави. До ден-денес, некои од објектите изградени во тоа време го носат насловот на државите од каде стигна помошта: Романската болница, руските згради, јапонските бараки…

Жителите на Скопје помнат уште многу други акции на светската солидарност. Во 1965-та, ООН распишуваат конкурс за креирање на урбанистички план за изградба на градот. 60% од планот се доверени на идеите на светски познатиот архитект Кензо Танге, а другите 40% на архитектите од СФРЈ. Денешната железничка станица, на пример, е еден од објектите на Танге и неговата, тогаш футуристичка визија за градот.

Се мобилизира и интелектуалната јавност во Европа, повикувајќи на солидарност.

„Скопје не смее да остане само извештај од весниците за неговото страдање, туку треба да се претвори во одговорност за сите нас, луѓето на денешницата и иднината кои би можеле да бидат жртви на слични катастрофи, сите треба да бидеме скопјани“, изјави познатиот новелист Алеберто Моравија.

Слична изјава дава и филозофот и романсиер Жан Пол Сартр.

„Скопје не е трилер-филм во кој погодуваме кој е главниот настан. Скопје е концентрација на човечката борба за слобода со резултат кој инспирира идни борби и неприфаќање на порази“, рекол Сартр, инспириран од светската солидарност за градот крај Вардар.

Во знак на подршка на Скопје, Пабло Пикасо донира едно негово дело наменето за тогаш планираниот нов Музеј на современата уметност.

Во масовната акција на солидарност, Скопје со текот на годините по земјотресот довива сосема нов лик – градежни остварувања кои се` уште се предмет на интересот на архитектите од цел свет.

Сеќавањето на солидарноста беше тема на една јавна дебата, кога Советот на градот Скопје иницираше промена на името на улицата „Мексичка“ во населбата Тафталиџе, која го доби името во знак на благодарност кон Мексико поради ангажирањето во изградба на нови живеалишта во таа населба.

Интелектуалната јавност инсистираше улицата да го сочува името токму во знак на благодарност и сеќавањето на солидарноста на Мексико со Скопје. Критиките на интелектуалците, сепак, не успеаа да ја променат одлуката на Советот на град Скопје улица „Мексичка“ да биде преименувана во улица „Петре Пирузе“.

По промената на урбаниот лик во доцните 60-ти и раните 70-ти, Скопје и денес претрпува нови промени со реализацијата на контоверзниот проект „Скопје 2014“. За некои, проектот на Скопје му носи вистински обележја на една метроплола, а за други тој е кич кој го менува идентитетот на градот што, според истите, би требало да биде втемелен токму во светската солидарност демонстрирана во Скопје по катастрофалниот земјотрес 1963-тата.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.