Силен земјотрес го погоди јужниот дел на Егејското Море.
Земјотресот со јачина од 6,1 степен по Рихтеровата скала, почувствуван е и во Египет.
Епицентарот на земјотресот бил во морето, на длабочина од 64,4 километри, околу 20 километри оддалечен од островот Касос.
Досега нема пријавени жртви или материјална штета.
На жителите на Родос и Касос им било упатено предупредување за можна опасност од високи морски беранови.