Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

68 годишен маж и две жени се загинатите во автобуската несреќа кај Лесковац

0
By Нова ТВ on December 16, 2018 ПОЛИТИКА
ФОТО: RAS Srbija
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Sunday, December 16, 2018 13:25

Маж на возраст од 68 години е меѓу тројцата загинати во автобуската несреќа кај Лесковац во Србија. Македонското министерство за надворешни работи добило потврда дека се загинати и две жени но не се идентификувани.

Четворица патници се со тешки телесни повреди и  се во животна опасност. Тие се префрлени во Клиничкиот центар во Ниш. Полесно се повредени 28 патници и тие се надвор од животна опасност. 14 ќе бидат пуштени од  болница и за нив МНР ќе обезбеди сместување. Возачот и совозачот не се повредени, но не смеат да даваат изјави за медиуми. Едниот од возачите бил од Битола додека вториот од Прилеп.

Несреќата се случи утрово во 1:40 минути кај Лесковац, кога автобусот излетал од патот пробивајќи ја заштитната ограда и се превртел кај клучката Печењевци во близина на Лесковац.

„ Автобусот беше превртен, а три лица беа без знаци на живот. Медицинските екипи од Лесковац кои први стигнаа на местото на несреќата даваа помош на повредените, но имаше и патници кои беа заглавени во автобусот и тие беа извлечени со помош на противпожарните спасувачки екипи на МВР. Еден од патниците кој беше прв згрижен имаше симптоми на фрактура на черепот. Најтешко повредените беа пренесени во болницата во Ниш“  рече доктор кој учествувал во спасувањето на патниците.

Патниците изјавиле дека спиеле кога се случила несреќата и не биле свесни што се случило.

Автобусот е сопственост на струшката компанија Еуробус и вчера во 19 часот тргнал од  Битола за Виена.

Сопственикот на „Еуробус“ Џитан Истрефи за МИА изјави дека автобусот, произведен во 2006  година, редовно ги поминувал техничките прегледи.

– Испративме друг автобус и наши вработени на местото на несреќата за да ја видат состојбата и да се преземе се што е потребно. Нашите автобуси редовно се сервисираат, кај нас нема грешки, изјави Истрефи, не изнесувајќи други детали за несреќата.

Министерот за здравство Филипче, генералниот секретар на Владата Рашкоски и претставник на амбасадата на Македонија во Белград се упатиле кон местото на несреќата.

Причините за несреќата се уште се утврдуваат. Во Лесковац врнело дожд, а по полноќ паѓал и снег и се претпоставува дека влажниот коловоз може да е причина за несреќата.

 

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.