Пратениците да ја поддржат инцијативата на ВМРО-ДПМНЕ, ЗНАМ и Вреди за сеопфатна Анкетна комисија за трагедиите која веќе ја потпишале 75 пратеници, побара пратеникот Бојан Стојаноски.
Тој апелираше и сите пратеници да се договорат за датум за седница на Комисијата, велејќи дека предложениот 9 декември е веќе закажан за гласањето за и седница за буџетот на кој што најголем дел од пратениците од мнозинството треба да бидат присутни за да гласаат и дневен ред.
Сметам дека треба да бидеме особено внимателни, бидејќи за една од тие трагедија се води судски процес и тоа практично ќе значи дека ние како собраниски орган, како пратеници, треба да внимаваме и на нашиот дигнитет и соодветно на тоа да ги опфатиме сите оние трагедии кои што се случуваат за да им дадеме на граѓаните тоа што го бараат, а тоа е правда и конечен одговор на прашањето кој е виновен затоа што тоа репетитивно се случува во нашата држава – изјави Стојаноски.

