788 новозаразени од 1.631 тестирање, регистрирал Институтот за јавно здравје изминатото деноноќие, пренесува Министерството за здравство.
Во Скопје во последните 24 часа има 350 новозаразени, Битола – 59, Куманово – 53, Кавадарци – 33, Охрид – 31, Прилеп – 30, Велес и Струмица – по 27, Тетово – 25, Штип – 22, Гостивар – 20, Струга – 18, Кичево и Гевгелија – по 14, Неготино – 12, Ресен – 10, Крива Паланка – 9, Радовиш – 8, Кочани – 6, Берово, Кратово и Крушево – по 3, Богданци, Демир Хисар и Македонски Брод – по 2, Дебар, Валандово, Виница, Пробиштип и Пехчево – по 1.
Од вкупниот број на позитивни 788, регистрирани се 191 реинфекции.
Во текот на изминатите 24 часа пријавени се две починати лица од: Струга (89г) и Охрид (92г), двајцата се починати во болнички услови.
Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин се регистрирани две починати лица од Куманово (81г) и Гостивар (78г). Двајцата се починати во домашни услови. Лицата се пријавени за починати во период од 07.07.2022 – 12.07.2022г.
Бројот на активни случаи изнесува 3.838.