Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

9-ти мај: Ден на победата / Ден на Европа

0
By Marija Todorovska on May 9, 2025 ТЕМА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Советската влада ја објави победата рано на 9 мај по церемонијата на потпишување во Берлин. / Поради важноста на Шумановата декларација од 9 мај 1950 година, овој ден е прогласен за „Ден на Европа“.

Ден на победата 

Денот на победата, 9 мај, се одбележува предавањето на Германија во 1945 година. Потпишувањето на  на капитулацијата на Германија се случило на 8 мај 1945 година во доцните вечерни часови, а според московското време веќе било по полноќ односно 9 мај.

Советската влада ја објави победата рано на 9 мај по церемонијата на потпишување во Берлин.

Капитулацијата на Германија била потпишана двапати. Првичен документ бил потпишан во Ремс на 7 мај 1945 година од Алфред Јодл (началник на канцеларијата на германскиот ОКВ) за Германија, Волтер Бедел Смит, во име на Врховниот командант на сојузничките експедитивни сили и Иван Суслопаров, во име на Советската висока команда, во присуство на францускиот генерал мајор Франсоа Севез како официјален сведок. Бидејќи Советската висока команда не се согласила со текстот на предавање, и затоа што Суслопаров, релативно низок офицер, не бил овластен да го потпише овој документ, СССР побара во Берлин да биде потпишан втор, ревидиран документ за капитулација. Јосиф Сталин изјавил дека Советскиот Сојуз сметал дека предавањето во Ремс е прелиминарен документ, а Ајзенхауер веднаш се согласил со тоа. Друг аргумент бил дека некои германски трупи го сметале документот од Ремс само за предавање на западните сојузници, а борбите продолжиле на Исток, особено во Прага.

Фото: Википедија
Фото: Википедија

Втората церемонија за предавање била организирана во предградието на Берлин доцна на 8 мај, кога веќе било 9 мај во Москва заради разликата во часовните појаси. Маршалот Вилхелм Кајтел, началник на ОКВ, го потпишал последниот германски документ за предавање, кој исто така го потпишал маршал Георгиј Жуков, во име на Врховната висока команда на Црвената армија, и воздухопловниот началник, маршал Артур Тедер, во име на сојузничките експедитивни сили, во присуство на генералот Карл Спац и генералот Жан де Латре де Тасињи, како сведоци. Предавањето било потпишано во седиштето на Советската армија во Берлин-Карлшорст. И англиската и руската верзија на документот за предавање потпишани во Берлин се сметаат за автентични текстови.

Ревидираниот берлински текст од документот за предавање се разликува од прелиминарниот текст потпишан во Ремс во експлицитното барање за целосното разоружување на сите германски воени сили, и предавање на оружјето на локалните воени команданти на сојузничките сили.

И двата документи од Ремс и Берлин бараат силите под германска контрола да престанат со активни операции во 23:01 часот по средноевропско време на 8 мај 1945 година. Сепак, поради разликата во часовните појаси во Средна Европа и во Москва, крајот на војната се слави на 9 мај во СССР и повеќето постсоветски земји.

За да ја одбележат победата во војната, церемонијалната Московска парада на победата се одржала во главниот град на Советскиот Сојуз на 24 јуни 1945 година.

Ден на Европа

Денот на Европа, кој се слави на 9 мај секоја година, е посветен на мирот и единството во Европа. Овој ден се одбележува годишнината од Шумановата декларација , историски предлог даден во 1950 година од францускиот министер за надворешни работи Роберт Шуман, со кој се поставија темелите на европската соработка. Предлогот на Шуман се смета за почеток на она што денес се нарекува Европска Унија.

Фото: consilium.europa
Фото: consilium.europa

Со „Шумановата декларација“, тој предложил создавање на Европска заедница за јаглен и челик (ЕЗЈЧ), која би обезбедила обединување на производството на јаглен и челик на земјите учеснички.

ЕЗЈЧ основана од: Франција, Западна Германија, Италија, Холандија, Белгија и Луксембург.

Во 1950 година, пет години по завршувањето на Втората светска војна, европските земји сè уште се обидуваа да ја надминат штетата што ја предизвика таа.

Решени да избегнат уште една таква војна, европските влади заклучија дека здружувањето на производството на јаглен и челик ќе ја направи војната меѓу историските соперници како Франција и Германија „не само незамислива, туку и практично невозможна“, според зборовите на Декларацијата.

Фото: consilium.europa
Фото: consilium.europa

Договорот создаде врховен орган, генерално собрание, посебен совет на министри и суд, кои ќе станат денешните институции на Европската Унија: Комисијата, Парламентот, Советот и Судот на правдата.

Напорите на Роберт Шуман за создавање обединета Европа не застанаа со Европската заедница за јаглен
и челик, во 1958 година тој стана првиот претседател на телото што му претходеше на денешниот Европски парламент. Кога ја напушти функцијата, Парламентот му ја додели титулата „татко на Европа”.

Фото: consilium.europa
Фото: consilium.europa

Поради важноста на Шумановата декларација од 9 мај 1950 година, овој ден е прогласен за „Ден на Европа“.

 

9 мај Втора светска војна Ден на Европа Ден на победата Европска унија ЕЗЈЧ капитулација Роберт Шуман Шуманова декларација
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.