Најмалку 90 лица загинаа во тропската бура на Филипините која предизвикала лизгање на земјиште и поплави. Десетици лица се водат за исчезнати, информираат локалните медиуми, повикувајќи се на полицијата и службите за вонредни ситуации.
Жртвите се од јужниот остров Минданао. Прекината е електричната енергија, како и комуникациите со погодениот регион, а тоа ги комплицира спасувачките операции во кои учествуваат спасители, војници, полицајци и доброволци.
Невремето, било носено со ветрови со брзина до 80 километри на час. Бурата се движи во западна насока и се очекува до понеделник да се оддалечи од Филипините.