Денеска, Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата спроведе зајакната акциска контрола на автопатот Велес – Скопје – Куманово за санкционирање на возила што се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 91 возач, информира МВР. Од нив, 18 возилa се движелe со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното.

– Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта, соопштија од МВР.