Во последните 24 часа, од направени 2.100 тестови, регистрирани се нови 957 случаи на КОВИД-19. Сликата по грдаови е следна: Во Скопје – 487, Битола – 70, Кавадарци – 44, Куманово – 40, Охрид – 39, Прилеп – 36, Велес – 32, Тетово – 31, Ресен – 22, Штип – 18, Кочани – 16, Струга – 13, Струмица и Неготино – по 12, Гостивар, Кичево и Гевгелија – по 10, Крива Паланка – 8, Радовиш и Дебар – по 7, Берово, Валандово и Кратово – по 5, Крушево – 4, Пробиштип, Демир Хисар и Македонски Брод – по 3, Богданци – 2, Свети Николе , Македонска Каменица и Дојран – по 1.
Од вкупниот број на позитивни (957), регистрирани се 210 реинфекции.
Во текот на изминатите 24 часа пријавени се две починати лица од: Штип (71г) и Струга (91г), двете лица се починати во болнички услови. Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин не се регистрирани починати лица.
Бројот на активни случаи изнесува 4.644 случаи.